Еколошки острови чекаат приклучок на струја

Еколошките острови сеуште чекаат да бидат ставени во функција.

 |  Татјана Маленкова  | 

ЈП Охридски Комуналец започнува со нов начин на управување со отпадот. На најфрекфентните места во Охрид ќе бидат изградени зелени острови, на кои ќе бидат поставени прес контејнери, но и обични за хартија и пластика, а ќе има одбележан и посебен простор за одлагање на кабаст отпад.
Во ЈП Охридски Комуналец одамна се пристигнати двата прес контејнери кои уште пред два месеци требаше да бидат поставени на веќе подготвените локации.

„За жал немаме добиено приклучок за струја, чекаме скоро два месеци напојување со електрична енергија. Вистинската функција контејнерите ќе ја покажат во текот на летниот период. Алчев вели дека првата локација на зелениот остров во нас Даме Груев е комплетно завршена“, вели директорот на ЈП Охридски комуналец.


Тој додава дека ЈП одамна ги има лоцирано точките во градов каде ќе се прават зелени острови, поточно тоа се местата каде има најголема фрекфенција на луѓе и каде што се собира најмногу отпад.

„Тапкаме во место затоа што не сме приклучени на струја“, вели директор Алче.

Од ЕВН потврдуваат дека компанијата и ЈП подолг период се во преговори за приклучување на струја на зелените острови. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески за ТВ М открива дека со приклучувањето се доцни поради расчистување со должничко доверителски односи. Тој додава дека штом се подмири долгот и екипите добијат залено светло за работа, приклучокот ќе биде веднаш реализиран.

Инаку новите контењерите се со опфатнина од 4 кубици, но имаат спацијана преса, која го намали отпадот 4  према 4, што значи дека овој прес контењер заменува 16 обични.
Принципот на работа на ваков зелен остров е што отпадот ќе биде херметички затворен, нема да се чувствува миризба. Покрај тоа граѓаните пред одложувањето на сметот ќе можат да го селектираат отпадот, а со тоа ЈП нема да мора во текот на денот контењерите да ги празни по неколку пати. Се работи за принцип на контењер кој откако ќе се наполни, специјалното возило на комуналец со повратна преса ќе го празни во возилото на ЈП Охридски Комуналец.
Овој зелен остров ќе биде опслужуван од ЈП Охридски Комуналец.
Идејата за правење зелени острови и поставување прес контењери, ЈП Охридски Комуналец ја развило со фирмата РЕСТОР од Ниш, Србија. Алче вели дека овој начин на третирање на отпадот ќе биде применет и таму. Тој  додава дека во план е вакви зелени острови на територијата на општина Охрид да се направат на 8 до 10 места.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top