Помош за оние кои немаат, а се тука покрај нас

Помош во храна и облека од членовите на НСДП од Охрид, за сто најзагрозени семејства во градов.

 |  Крсте Голабовски  | 
pomosh
помош

pomoshПод мотото да им помогнеме на оние кои немаат а се до нас, а по иницијатива и во организација на жените и младите при О.О. на НСДП од Охрид, собрани социјални пакети за сто најзагрозени семејства во градов. Верица Хајба советничката од редовите на НСДП потенцира дека на овој начин, од оваа партија сакаат да се приклучат во одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски. Советничката Хајба додаде дека станува збор за скромен прилог, но доколку сите помагаме по малку, тоа ќе биде голем допринос за ранливите категории од општествената заедница. Хајба додаде дека пакетите понатака ќе бидат предадени до пртставниците на Црвениот крст од каде ќе стигнат до оние на кои им се најпотребни.

pomoshОд О.О на „Црвениот крст“ од Охрид истакнаа дека оваа акција претставува своевидно надополнување на кампањата, која отаму пред извесно време ја спроведоа по повод одбележување на Денот на гладта, кога беа поделени 150 социјални пакети. Мимоза Ставрева од „Црвениот крст“ потенцира дека станува збор за продолжение на активностите запоачнати со нивната социјална програма.

Хуманитарните активности во организација на О.О. на НСДП од Охрид ќе продолжат во периодов кој ни претстои, истакна Хајба. Таа потенцира дека моментално се прават напори за претстојните празници бидат обезбедени новогодишни пакетчиња за најмладите, а за божиќните празници повторно бидат обезбедени социјални пакети за социјално загрозените наши сограѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top