Закон за Охрид…конечно?!

Законот за Охрид, кој години наназад се најавува, наскоро ќе ја здогледа светлината на денот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sobranie na RM
Собрание на РМ

Sobranie na RMЗаконот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за  култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните комисии на Владата и за брзо се очекува да влезе во Собраниска процедура. Пратеникот Николовски додаде дека со овој закон ќе бидат уредени следните прашања: идентификација на заштитна зона, граници на заштитните зони, контактни зони, режим на заштита и начин на управување со културно – историското наследство. Со законот се уредуваат и три зони на заштита кои практично го опфаќаат најголемиот дел од градското јадро, со акцент на старото дел и неговата непосредна околина.

„Овој закон треба да стави ред во урбаното дивеење кое во моментов го имаме во Охрид, на целата негова територија, посебно во делот на старото градско јадро“, потенцира Николовски.

По влегувањето во Собраниска процедура се очекува да бидат одржани јавни расправи на кои своите ставови и мислења ќе можат да ги искажат и заинтересираните субјекти, експерти, здруженија на граѓани и сл. Николовски додаде дека овој специјализиран закон за Охрид се работи врз основа на веќе донесениот закон за заштита на сливното подрачје на Охридското езеро, кое ги опфаќа општините Охрид, Струга и Дебрца. Големи најави, но дилемата дали донесувањето на овој Закон не е малку задоцнето, останува.  Во последните десетина години во Охрид веќе многу работи се направени кои го изменија неговит лик засекогаш.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top