Охридските автопатишта дел од западната концесија

Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област.

 |  Крсте Голабовски  | 
paten pravec
патен правец

paten pravecНекои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија.
За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.
И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните правци Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга –Подмоље, како и Кичево – Требениште, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље. Пратеникот Александар Николовски истакна дека првата фаза ја поминаа неколку компании од Израел, Португалија, Франција, Унгарија, Австрија, домашната компанија Гранит, компании од Грција, Турција и Индија.
Постапката за избор на концесионер ќе се одвива во две фази. Во правата, претквалификациска фаза, која е пред  јавниот повик, а завршува на 15 јануари, понуди можат да достават правни лица, домашни и странски, самостојно или како конзорциум. Потоа ќе следи втората фаза,  во која, до квалификуваните кандидати ќе биде доставена покана за учество за доставување понуда. Таа фаза ќе трае 90 дена. Инаку, Николовски информира и дека работите на Булеварот Железничка се во завршна фаза, па наскоро со ова ќе се реши голем дел од сообраќајните проблеми во градот.
Што се однесува до концесионерите, некои од клучните услови кои тие ги бараат се решената експропријација на земјиштето, добивање право за стопанисување со пропратните деловни објекти на патиштата како бензиски станици и хотелско угостителски објкекти, и што е најважно-добивање гаранции за пресметан обем на дневен сообраќај од 20 илјади возила. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top