Протести за екстерното оценување

Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.

 |  Валентина Неловска  | 
ucenici
ученици

ucilnicaСите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар. Дел од вработените со кои сепак успеавме да исконтактираме се оградија од случувањето во училиштето велејќи дека тие имаат други обврски и избегнувајќи да проговорат за протестот. Сепак случајот го пријавиле до Државниот просветен инспекторат. Благоја Стенкоски ,  општинскиот  просветен инспектор потврди дека имало самоволно напуштање на дел од учениците од ова училиште.   ТВМ дознава дека обид за напуштање на наставата имало и во дел од останатите основни училишта, но биле спречени.

GimnazijaСпречен бил и обидот за протест во Гимназијата Св. „Климент Охридски“. Ова го потврди директорот на оваа образовна установа, Наум Рилкоски. ТВМ,  дознава дека протестирале и дел од учениците од ЕМУЦ.  Оваа информацијата делумно ја потврдува директорот на електро-машинскиот центар  Св. Наум Охридски, Бошко Силјаноски.  Околу  12 часот,  последниот час од првата смена го напуштиле   мал процент ученици  без претходна најава, па не ги знаат точните причини. Директорот истакна дека за тоа ќе разговараат в понеделник, а информира дека  втората смена работела редовно. Општинскиот  просветен инспектор негира дека во текот на денот до нив биле пријавени  најави  за протести и во  останатите училишта. Никој, засега не сака отворено да ги  коментира причините за револтот и бојкотот на наставата, дали тие се однесуваат на измените во Законот за основно и средно образование кои треба да стартуваат од оваа учебна година. Според нив во свидетелствата на учениците ќе се впишуваат резултатите од екстерното тестирање кое ќе се спроведува во сите основни и средни училишта. Учениците од основните училишта, екстерните тестови ќе ги полагаат на крајот од учебната година по четири предмети, а од средните училишта од прва до трета година. Матурантите, пак  ќе бидат екстерно тестирани на крајот од првото полугодие. Резултатите од екстерното оценување нема да влијаат врз оценката од наставниот предмет, но ќе имаат влијание при уписот на учениците во средните училишта и факултетите. Резултатите ќе се рефлектираат и врз наставниците, и од нив ќе зависи дали тие ќе бидат казнувани или наградувани. Доколку се утврди дека оценката на одреден наставник се разидува со оценката што ученикот ја добил на екстерниот тест, наставникот ќе биде пратен на обука за да се подобри неговиот критериум за оценување. Доколку по една година не се подобри оценувањето на наставниците, тие ќе бидат казнети со десет проценти помала плата во текот на една година. Наставниците што се реални во оценувањето ќе добијат награда од десет проценти зголемена плата во текот на една година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top