Ознака: SAD

karta

ЕУ и САД го поздравија договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово

Post Views: 8 Постигнатиот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилност, се истакнува во соопштенијата на ЕУ и на САД по повод договорот меѓу Скопје и Приштина. Шведското претседателство со ЕУ го поздравува, како што посочува, позитивниот развој во градењето добрососедските односи меѓу Македонија и Косово. – Кога ќе се најде заедничко прифатливо решение за некое отворено прашање меѓу соседите, тоа е охрабрувачки знак за одговорност...

Continue reading

Vаsko Naumovski

Македонија и САД со меморандум за разбирање

Post Views: 1 Меморандумот се однесува на студиски програми, семинари, менторства, студиски посети и други активности. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски и амбасадорот на САД Филип Рикер денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање за обука и поврзани активности. Во Меморандумот се вклучени активности како што се студиски курсеви, дипломски програми, работилници, семинари, менторства, стажирање и студиски посети, како и придружна опрема и други погодности. Меморандимот ќе биде поддржан со Програмата за обука подготвена од страна на Владата на САД, а во согласност...

Continue reading

Kale

Амбасадата на САД пуштена во употреба

Post Views: 5 Со свеченост по повод Денот на независноста, вчера попладне требаше и официјално да биде отворен новиот објект на американската амбасада, лоциран на скопското Кале. Прославата на 4 Јули беше најавено дека за првпат ќе се одбележи според протоколот на маринците со подигнување на американското и македонското знаме и со интонирање на националните химни на САД и на Македонија. Пред присутните гости од државниот врв, дипломатскиот кор, верските заедници и невладините организации требаше да се обрати амбасадорот Филип Рикер, а беше најавено и присуството на директорот од...

Continue reading

Tanec

„Танец“ во САД

Post Views: 0 Ансамблот за народни песни и ора Танец вечерва со настап во американската држава Њу Џерси, ја завршува турнејата низ САД и Канада, по повод 60-години од постоењето. Танец за време на турнејата одржа концерти во Торонто, Детроит, Чикаго, Колумбус и Кливленд. Ансамблот „Танец“ е формиран во 1949 година и досега има одржано над 4.500 концерти во 31 држава.   {loadposition content9}

Continue reading

zname

Честитки од САД за изборите

Post Views: 2 Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата. „САД им честитаат на луѓето во Македонија на вториот круг на претседателските и локалните избори. Граѓаните на Македонија, заедно со македонските власти, заслужуваат пофалба за успешно спроведување на овие избори”, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Енди Лејни за Радиото Глас на Америка, програма на македонски јазик. Забележувајќи дека имало одредена загриженост во однос на кампањата, Лејни посочи на прелиминарната проценка...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Делегација на МО во посета на САД

Post Views: 2 Висока делегација на Министерството за одбрана(МО) на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски, денеска ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Во составот на делегацијата, како што е соопштено, се и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Мирослав Стојановски и државниот секретар Петар Есмеров. Македонската делегација во Вашингтон ќе ги реализира четвртите по ред Билатерални консултации од областа на одбраната. Билатералните одбранбени консултации се реализираат секоја година во рамките на билатералната...

Continue reading

Intel

Американски “Интел” ќе инвестира во Македонија

Post Views: 5 Американскиот гигант во информатичката технологија “Интел” ќе инвестира во образованието во Македонија, за што синоќа во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишаа Меморандум за разбирање. „Со овој Меморандум треба да имаме поддршка од “Интел” со одредени инвестиции во образованието“, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на компанијата на кого македонската владина делегација која престојува во САД му ги презентира можностите за инвестирање во Македонија. Раководството...

Continue reading

forum

Македонска делегација на бизнис форуми во САД

Post Views: 1 Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја започнува неколку дневната посета на САД, каде утре и на 14 ноември ќе учествува на бизнис форуми во Сан Франциско и Чикаго. Според најавите, утре ќе се одржи Бизнис Форумот „Македонија – земја на ИТ експерти“ во Силиконската долина во Сан Франциско, на кој делегацијата ќе ги презентира економските политики со посебен фокус на реформите за унапредување на информатичкото општество и образованието насочени кон подобрување на вкупната бизнис клима и привлекување реномирани американски инвеститори. Меѓу...

Continue reading

Filip Riker

Новиот амбасадор на САД Филип Рикер ќе ги предаде акредитивните писма

Post Views: 1 Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски. Рикер е петти американски амбасадор во Македонија, кој тука работеше од 1997 до 1999 година како раководител на Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, кога беше и портпарол на тогашниот амбасадор Кристофер Хил. Кога дојде во четвртокот, Рикер за медиумите изјави дека е задоволен што ќе има можност да биде со старите пријатели и да запознае нови за време на...

Continue reading

George W. Bush

Џорџ Буш помладиот, алкохоличар

Post Views: 4 Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот во мемоарите кои треба да излезат во ноември признава дека бил алкохоличар, но тврди дека пиењето го оставил „одеднаш“. Буш минатата ноќ на една конференција во Далас изнесе дека книгата „Клучни одлуки“ почнува со анегдота дека неговата жена Лора барала тој да избере: или таа, или алкохолот. Буш како што рекол пред присутните, тогаш сфатил дека е зависник и престанал да пие што му овозможило и да се кандидира за претседател на САД, Буш помладиот во книгата ги анализира клучните одлуки во неговиот живот, пред да...

Continue reading

Ground Zero

Џамија до “граунд зеро”?

Post Views: 2 План за градење на џамија на речиси истото место каде што беа кулите близначки ги разлути Њујорчани, за кои идејата е иста како да градиш германски културен центар во Аушвиц. Иницијаторите на проектот објаснуваат оти исламскиот центар ќе го разубави едноличниот дел од Менхетен, но и дека ќе биде отворен за сите посетители, без разлика на верата, единствено со цел Американците да сфатат дека и муслиманите се дел од нивната заедница. Според локалното население, идејата е лоша бидејќи веднаш до локацијата планирана за џамија и исламски центар се наоѓа пустиот празен простор,...

Continue reading

treta svetska vojna

Како била избегната Трета светска војна

Post Views: 0 Во 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија. Лиу Ченшан е автор на фељтонот посветен на петте нуклеарни закани со кои од 1949-та година се соочила Кина. Според него, најсериозна била опасноста седум години по Кубанската ракетна криза, кога Москва и Пекинг беа во конфликт поради границата, кој однесе повеќе од 1.000 жртви и од двете страни. Тогаш, советски дипломати го известиле Вашингтон дека планираат да ја “збришат кинеската закана и да се ослободат од тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top