Како била избегната Трета светска војна

Во 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија.

 |  Маја Савиќ  | 
treta svetska vojna
трета светска војна

Breznev i NiksonВо 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија.

Лиу Ченшан е автор на фељтонот посветен на петте нуклеарни закани со кои од 1949-та година се соочила Кина. Според него, најсериозна била опасноста седум години по Кубанската ракетна криза, кога Москва и Пекинг беа во конфликт поради границата, кој однесе повеќе од 1.000 жртви и од двете страни.

Тогаш, советски дипломати го известиле Вашингтон дека планираат да ја “збришат кинеската закана и да се ослободат од тој модерен авантурист” со нуклеарен напад и побарале САД да останат неутрални. Но, од таму рекле дека во никој случај нема да останат со скрстени раце, туку ќе одговорат со сопствен нуклеарен напад на СССР. Ченшан вели дека заканата била успешна и ги навела двете земји да го решат спорот на преговарачка маса.

За да им даде на веродостојност на своите тврдења, ги цитирал зборовите со кои тогашниот премиер Алексеј Косигин го известил лидерот Леонид Брежњев дека САД подготвуваат план за нуклеарна војна против СССР ако ја нападнат Кина.

“Американците го гледаат нападот врз Кина како почеток на трета светска војна. Америка нè изневери”, цитиран е и советскиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Добринин.

Историчарот вели дека Вашингтон гледал поголема опасност во СССР, отколку во Кина и дека тогашниот американски претседател Ричард Никсон се плашел од ефектот од нуклеарната војна врз 250.000 трупи во азиско-пацифичкиот регион.

Сè уште не е јасно дали Лиу имал пристап до специјални државни архиви, но фактот што неговите текстови се објавени во официјално издание во земја во која владее строга медиумска контрола, некои го толкуваат како знак дека сепак имал специјален пристап до тајни документи.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top