Џамија до “граунд зеро”?

План за градење на џамија на речиси истото место каде што беа кулите близначки ги разлути Њујорчани, за кои идејата е иста како да градиш германски културен центар во Аушвиц.

 |  Маја Савиќ  | 
Ground Zero
Граунд зеро

Ground ZeroПлан за градење на џамија на речиси истото место каде што беа кулите близначки ги разлути Њујорчани, за кои идејата е иста како да градиш германски културен центар во Аушвиц.

Иницијаторите на проектот објаснуваат оти исламскиот центар ќе го разубави едноличниот дел од Менхетен, но и дека ќе биде отворен за сите посетители, без разлика на верата, единствено со цел Американците да сфатат дека и муслиманите се дел од нивната заедница.

Според локалното население, идејата е лоша бидејќи веднаш до локацијата планирана за џамија и исламски центар се наоѓа пустиот празен простор, каде што беа близначките и каде на 11-ти септември во 2001-та загинаа речиси 3.000 лица.

“Ова е погрешно маало за да градиш џамија. Јас како и за сите останати што беа тука, имам пореметување како резултат на траумата која што ја преживеав. Како вчера да беше,” изјавил Скот Рејчелсон, еден од активистите кои што бараат компензација за преживеаната траума од властите.

Другите коментираат оти немаат ништо против спортските сали и театрите кои што треба да се најдат во исламскиот центар, но сметаат оти е прерано за таков проект.

“Би излажала ако кажам дека не ме прави нервозна. Ептен ни е пред нос и некако е премногу рано. Не знам зошто да биде баш тука. Ова е голем град,” изјавила Џенифер Вуд, жителка на населбата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top