Џорџ Буш помладиот, алкохоличар

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот во мемоарите кои треба да излезат во ноември признава дека бил алкохоличар, но тврди дека пиењето го оставил „одеднаш“.

 |  Маја Савиќ  | 
George W. Bush
Џорџ Буш јуниор

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот во мемоарите кои треба да излезат во ноември признава дека бил алкохоличар, но тврди дека пиењето го оставил „одеднаш“.

George W. Bush

Буш минатата ноќ на една конференција во Далас изнесе дека книгата „Клучни одлуки“ почнува со анегдота дека неговата жена Лора барала тој да избере: или таа, или алкохолот.

Буш како што рекол пред присутните, тогаш сфатил дека е зависник и престанал да пие што му овозможило и да се кандидира за претседател на САД,

Буш помладиот во книгата ги анализира клучните одлуки во неговиот живот, пред да стане претседател.

Според неговите зборови, во неа ќе пишува и за војните во Ирак и во Авганистан како одговори на терористичките напади, потоа ќе посвети простор и за ураганот Катрина како и за финансиската криза.

Буш е надева дека книгата ќе помогне за историска проценка на неговиот претседателски мандат.

„Не верувам дека може да се дојде до конечен заклучок за нечиј претседателски мандат додека не помине извесно време„- рече Буш, пренесува Бета.

Иако во текот на мандатот Буш беше критикуван дека нема да ги признае грешките, сепак на конференцијата признал дека „ потфрлил во политичкиот дискурс“ и додал дека политиката е „груба и грда“.

Најмногу жалел што во текот на своите два мандата во Ирак не нашол оружје за масовно уништување, додавајќи дека бил „излажан“ од извештаите на тајните служби.

И не спроведувањето на реформа во системот на социјална заштита го смета за свој политички грев, како и не доволното посветување на прашањето со имиграцијата.

2тажно е што немате право на поправен испит. Мора да признаете дека сепак во нешто бев во право. А во нешто грешев“- рече поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

Неговиот мандат заврши во јануари 2009-тата по што со сопругата Лора се врати во Далас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top