Ознака: SAD

raketi

САД најголем извозник на оружје во 2008

Post Views: 2 САД имаат дел од над две третини од продажбата на оружје во светот во минатата година, објави Њујорк тајмс повикувајќи се на анализа на Конгресот. Според медиумот, САД имале учество од 68,4 отсто од глобалната продажба на оружје во 2008 година.Продажбата на оружје од САД се зголемила за речиси 50 отсто – до 37,8 милијарди долари наспроти 25,4 милијарди долари во 2007 година и покрај светската економска криза. Трговијата со оружје на глобално ниво е намалена за 7,6 отсто – до 55,2 милијарди долари што е најниско рамниште од 2005 година. Италија, која е на...

Continue reading

Sotomajor i Obama

Соња Сотомајор врховен судија на САД

Post Views: 2 Американскиот Сенат го потврди изборот на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд, со што постана прва особа од латиноамериканско потекло во највисокото судско тело на САД. Сотомајор (55) потекнува од Порторико, а беше номинирана лично од претседателот Брак Обама. Дебатата за потврдување на изборот на Сотомајор, трае од 13 јули и беше одбележана со долга расправија помеѓу Демократите и Републиканците. Додека Демократите сметаат дека Сотомајор е умерена, Републиканците мислат дека таа е пристрасна и ќе протежира многу либерални ставови. Судиите во Врховниот суд се бираат...

Continue reading

fitnes klub

Пет жени застрелани при напад во фитнес клуб во САД

Post Views: 5 Пет жени беа убиени, а најмалку 15 други ранети, кога вооружен маж отвори оган врз присустните во еден фитнес клуб во предградието на Питсбуург, Бриџвил, во американската сојузна држава Пенсилванија. Како што соопшти локалната полиција, напаѓачот упаднал во фитнес клубот во кој во тој момент вежбале околу 30 жени и без да каже ниту збор отворил оган врз нив.Според очевидци на настанот, по инцидентот напаѓачот се самоубил. Оваа информација не е потврдена од страна на полицијата.Засега не се познати причините и мотивите за овој напад. {loadposition content9}

Continue reading

Osama Bin Laden

Сад бин Ладен убиен?

Post Views: 0 Синот на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Сад, веројатно е убиен во американскиот ракетен напад во Пакистан на почетокот на оваа година, изјавија функционери на разузнавачката служба на САД. Според нив, Сад бин Ладен (30), кој имал важна улога во односите меѓу Иран и Ал Каеда, пристигнал во Пакистан, откако неколку години минал во домашен притвор во Иран. Наводно тој е убиен со проектил истрелан од американско беспилотно летало “предатор”. Американските разузнавачи велат дека се 80 до 85 проценти сигурни дека Сад е мртов, изјави неименуван функционер...

Continue reading

logo

САД го слави Денот на независноста

Post Views: 0 Соединетите Американски Држави денеска го празнуваат националниот празник – Денот на независноста. На овој ден пред 233 години е потпишана Декларација за независност од британската империја. Американскиот Конгрес всушност ја прифатил Декларацијата за независност на 2 јули 1776 година, меѓутоа таа била одобрена два дена подоцна, со сменета варијанта на документот, по што законодавниот дом побарал овој акт да биде објавен.Поради тоа 4 јули се смета за „роденден“ на САД.И покрај економската криза, во повеќето американски градови денеска ќе се одржат паради, а за подоцните...

Continue reading

zrtvi

Во престрелка во САД повредени петмина средношколци

Post Views: 1 Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници. Состојбата на двајца од повредените е критична, изјави шефот на полицијата Родерик Гримс.Гримс наведе дека непосредно по завршување на наставата, на автобуската станица запрело зелено комби и оти двајца напаѓачи од возилото отвориле оган. Напаѓачите, кои ги покриле лицата, прво повикале некого на станицата по име, по што отвориле оган, пренесува Си-Ен-Ен.Претставник на средното училиште изјави...

Continue reading

logo

Продолжуваат преговорите за нуклеарно разоружување меѓу САД и Русија

Post Views: 2 Според Андреј Нестеренко, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, првите резултати од преговорите за договорот што треба да го замени постоечкиот договор СТАРТ, би требало да бидат претставени на самитот Русија-САД во Москва. „Поаѓаме од тоа претседателите (Дмитриј Медведев и Барак Обама) да можат да ги соопштат резултатите на самитот во јули“, рече Нестеренко. Русија и САД на почетокот на јуни ја завршија втората рунда преговори во Женева. Двете страни треба да се договорат за новиот договор бидејќи сегашниот истекува кон крајот на годината. Благодарејќи...

Continue reading

uragan

Започнува сезоната на ураганите

Post Views: 1 Американските власти очекуваат меѓу четири и седум урагани во северниот дел на Атлантскиот Океан во сезоната на ураганите, која започнува на 1 јуни и завршува кон крајот на ноември. Меѓу еден и три од нив ќе бидат најсилните. Научниците прогнозираат меѓу девет и 14 тропски бури, од кои половина може да се претворат во урагани. Тоа значи дека активноста на сезоната ќе биде околу средната, односно 11 тропски бури и шест урагани.Над 35 милиона Американци живеат во области кои се изложени на најголема опасност од ураганите, предупредија авторите на истражувањето. Тие истакаа...

Continue reading

Hilari Klinton

САД бара да запре израелската колонизација на окупираните територии

Post Views: 6 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека побарала од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја замрзне израелската колонизација во окупираните територии. „Претседателот Барак Обама беше многу јасен – тој сака колонизацијата да биде прекината”, изјави американскиот први дипломат. Во исто време не престануваат поделбите во палестинската власт. Синоќа новата палестинска влада на Салман Фајед положи заклетва без претставници на милитантниот Хамас. Движењето, кое ја држи власта во Појасот Газа има своја влада и најави дека нема ја признае...

Continue reading

Joseph Biden

Потпретседателот на САД ја почнува посетата на Балкланот

Post Views: 5 Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска ја започнува посетата на Балканот, која ќе ги вклучи Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Тој ќе разговара со раководствата на трите земји за неопходноста од забрзување на реформите со цел интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ.Според експертот за балкански прашања Даниел Нелсон во Белград Бајден ќе ја истакне неопходноста Србија да стане неодделив дел од Европа. – Србите одат кон ЕУ, но со брзина на полжав. Оваа тенденција се забавува од проблеми како корпуцијата, политиката на мешањето во внатрешните работи на...

Continue reading

Capitol Hill

97 милијарди долари за војната во Ирак и Авганистан

Post Views: 2 Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари. Законот е прифатен со 368 гласа „за“ и 60 „против“. Законот не го прифатија 51 демократи, кои гласаа против предлогот на администрацијата на претседателот Барак Обама, а наспроти тоа го поддржаа сите републиканци. Тие го поддржаа законот и покрај тоа што демократите додадоа дополнителни 12 милијарди долари расход на првичниот предлог на Обама, што предвидуваше 85 милијарди долари за финансирање на војните. Со прифаќањето...

Continue reading

bezdomnik

Гладот закана и во САД

Post Views: 0 На над 3,5 милиони деца под петгодишна возраст во 26 сојузни држави на САД им се заканува глад, покажа извештај на невладината организација „Фидинг Америка“. Според документот, насловен „Несигурност во исхранувањето на децата во САД: 2005-2007“, оваа закана виси над едно од шест деца. Кај возрасните гладта му се закнува на едвај еден од секои осум лица. Над 12 милиони деца во САД живеат во несигурност во однос на постојаниот пристап до здрава храна. Најтешка е состојбата во државите Луизијана, Северна Каролина и Охајо, покажува извештајот. Ова прво вакво истражување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top