Ознака: SAD

atomska bomba

САД загубиле атомска бомба во Гренланд

Post Views: 0 САД загубиле атомска бомба во северниот дел од Гренланд откако нивни бомбардер се урнал пред 40 години. Медиумот наведува дека таквото тврдење е поткрепено со тајни документи според кои  бомбардер Б-52 кој носел четири атомски бомби, се урнал во 1968 година. Американската армија не успеала да пронајде една од бомбите. Воениот авион паднал на 21 јануари на неколку километри од Тјуле, најсеверната база на американските ВВС, која имала стратешко значење во времето на Студената војна.   При истрагата биле пронајдени три атомски бомби кои ги носел авионот и оти при...

Continue reading

Barak Obama

Барак Обама нов претседател на САД

Post Views: 5 Според се уште нецелосните изборни резултати, Обама досега освои 338 делегати во Изборниот колеџ или 68 повеќе од потребните 270 за да биде избран за претседател. Главниот противкандидат на Обама, републиканецот Џон Меккејн освои 156 делегати. Обама победи во главниот град Вашингтон, во Калифорнија, Њујорк, Пенсилванија, Охајо, Колорадо, Флорида, Вирџинија и во државите околу големите езера, долж тихоокеанскиот брег и североисточните делови на САД, додека Меккејн пак ја однесе победата во Тексас, Џорџија и во државите од американскиот југ и среден запад.Американските...

Continue reading

izbori

Американските гласачи ги решаваат претседателските избори

Post Views: 1 По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, денес во САд конечно се гласа. По 20-месечните митинзи, дебати и безбројни пропагандни спотови, како дел од најскапата предизборна кампања во историјата на САД, гласачите конечно ќе добијат можност да избираат меѓу демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама и неговиот републикански ривал Џон Меккејн. Барак Обама победи на претседателските избори во малото гратче Диксвил Ноч, во државата Њу Хемпшир, каде рано утринава веќе заврши...

Continue reading

banka nuklearno gorivo

САД поддржаа основање банка за нуклеарно гориво

Post Views: 1 САД ќе издвојат 50 милиони долари за основање меѓународна банка за нуклеарно гориво под покровителство на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денеска америкнскиот министер за енергетика Семјуел Бодман. Тој на Генералното собрание на МААЕ во Виена ја поздрави претходно изразената подготвеност на Норвешка и Обединетите арапски емирати за истата намена да издвојат десет милиони долари. „Создавањето гарантирани залихи на нуклеарно гориво кои постојано ќе се надополнуваат и кои нема да ги нарушуваат пазарните механизни на нуклеарниот сектор претставува...

Continue reading

САД го протераа боливискиот амбасадор

Post Views: 2 Владата на претседателот Џорџ Буш нареди амбасадорот на Боливија во САД да биде протеран откако латиноамериканската земја го протера амбасадорот на Вашингтон, пренесоа американските медиуми. Амбасадорот Густаво Гусман вчера беше повикан во Стејт департментот каде му беше соопштено дека треба да ја напушти земјата, како реципрочна мерка по протерувањето од Боливија на американскиот амбасадор Филип Голдберг, ден претходно. Боливискиот претседател Ево Моралес го обвини американскиот дипломат дека кова заговор со конзервативната опозиција во земјата.Портпаролот на Стејт...

Continue reading

САД одбележуваат седум години од терористичките напади на 11 септември

Post Views: 7 Соединетите Американски Држави денеска ја одбележуваат седумгодишнината од терористичките напади од 11 септември, во кои при уривањето на кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и нападот врз зградата на Пентагон во Вашингтон, животот го загубија повеќе три илјади лица. Во Њујорк годишнината ќе се одбележи со нови повици за внимателност во однос на постојаната закана од терористички напади, а имињата на загинатите повторно ќе бидат прочитани.Претседателските кандидати на републиканците и демократите, Џон Мекејн и Барак Обама планираат да присуствуваат...

Continue reading

Феноменален настап на студиото за танци „Соната“ на „Dance Fest Novi Sad 2017“

Post Views: 4 Викендов во Нови Сад се одржа 9-тото издание на меѓународниот танцов натпревар Dance Fest Novi Sad 2017, кој дефинитивно оваа година може да се нарече еден од најголемите танцови натпреварувања во Европа, но и најголем во Источна Европа. Вкупно во конкуренција беа 632 кореографии или повеќе од 3500 танчери од цела Европа, а ова година дури и претставници одЈужна Африка. На овој натпревар се натпреваруваа и членовите на студиото за танци „Соната“, кое работи во склоп на Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид. Со вкупно 39 натпреварувачи, односно 5 кореографии,...

Continue reading

kobi

Неизвесен настапот на САД на Мундобаскетот во Турција?

Post Views: 2 Иако е се уште многу рано и тензиите за три месеци отсега можеби ќе спласнат, Американците не сакаат ништо да препуштат на случајот околу својата безбедност. Турција, чии конвој хуманитарци беше нападнад на пат кон појасот Газа, остро ги критикуваше САД за млаката реакција, особено што Американците се традиционалните сојузници на непријателот број еден на муслиманските земји, Израел. Сето ова беше доволно, американските медиуми да се распишат за евентуалната лоша безбедносна ситуација, која ќе предизвика неиграње на СП. – Јасно е дека сигурноста е над се. Внимателно...

Continue reading

logo

Италија ги совлада САД

Post Views: 3 Светскиот фудбалски шампион Италија со победа стартуваше во „Б“ групата на Купот на Конфедерации. Во Преторија синоќа „азурите“ со пресврт дојдоа до триумф од 3:1 против САД. Американците поведоа со голот на Донован од пенал во 41-та минута. Вториот дел беше во знак на Роси. За неполни 60 секунди откако влезе во игра го израмни резултатот, а потоа преку Де Роси Италија поведе со 2:1. Конечните 3:1 ги постави повторно Роси со својот втор гол. Во првиот натпревар од вчерашната програма Бразил го победи Египет со 4:3. Денеска на турнирот е слободен ден. Утре се играат...

Continue reading

Riker i Merko

Рикер во Струга

Post Views: 4 Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер. Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000...

Continue reading

Obama

Обама лобира за фудбалот

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама застана зад кандидатурата на САД за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година. Обама во писмо до претседателот на ФИФА Сеп Блатер нагласи дека „фудбалот е многу повеќе од игра“, објави денеска лондонскиот весник Гардијан. „Фудбалот е многу повеќе од игра. Тој на најубав и најинтензивен начин го поврзува целиот свет. Би сакал САД да бидат промотори на тоа заедништво и во таа смисла да бидеме домаќини на големото спортско дружење“, се наведува во писмото на Обама до Блатер. Светската фудбалска федерација (ФИФА)...

Continue reading

Dzezair Shakiri

Прогласена „Република Танушевци“

Post Views: 30 Угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“ објави текст во кој поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, тврди дека прогласил „Република Танушевци“, додека македонските власти ова го оценуваат како несериозно, тврдејќи дека станува збор за желба за публицитет. Во планинскиот регион каде Македонија се граничи со Косово, командант Хоџа прогласил „Република Танушевци“, тврди самиот тој во изјава за весникот „Фајненшл тајмс“. Во текстот што овој угледен лондонски весник, го објави вчера попладне, Хоџа тврди дека неговите луѓе пукале на полициски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top