Италија ги совлада САД

Светскиот фудбалски шампион Италија со победа стартуваше во „Б“ групата на Купот на Конфедерации.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Светскиот фудбалски шампион Италија со победа стартуваше во „Б“ групата на Купот на Конфедерации. Во Преторија синоќа „азурите“ со пресврт дојдоа до триумф од 3:1 против САД.

reprezentacija na ItalijaАмериканците поведоа со голот на Донован од пенал во 41-та минута.
Вториот дел беше во знак на Роси. За неполни 60 секунди откако влезе во игра го израмни резултатот, а потоа преку Де Роси Италија поведе со 2:1. Конечните 3:1 ги постави повторно Роси со својот втор гол.

Во првиот натпревар од вчерашната програма Бразил го победи Египет со 4:3.
Денеска на турнирот е слободен ден.
Утре се играат натпреварите од второто коло од „А“ групата: Шпанија – Ирак (16:00 часот) и Јужна Африка – Нов Зеланд (20:30).
Дуелите од „Б“ групата се играат в четврток: САД – Бразил (16:00) и Египет – Италија (20:30).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top