Ознака: SAD

policija

Христијански екстремисти планирале напади врз полицијата во САД

Post Views: 7 Членови на христијанска вооружена група во американската сојузна држава Мичиген, кои верувале дека наскоро ќе настапи битка со антихристот, планирале напади врз полицајци, со надеж дека ќе предизвикаат бунт против американската Влада, соопшти Федералното обвинителство на САД   Во врска со случајот во сојузните држави Мичиген, Индијана и Охајо се уапсени осум мажи и една жена. ФБИ ја набљудувало групата „Хјутриј“ (христијански воини) и пристапило кон апсењата, откако утврдило дека нејзините членови планирале напади во април, соопшти Обвинителството.Од 2008 година членовите...

Continue reading

ruski

Американската војска учи руски…. Наздровје!!!

Post Views: 0 Американската војска исплатува дополнителни 500 долари на секој офицер или војник кој знае најмалку еден странски јазик, особено руски или чеченски, додека оние кои знаат два јазици ќе добијат 1000 долари, пишува рускиот весник “Правда“. Според весникот, оваа одлука ја донело Министерството за одбрана на САД, бидејќи заклучиле дека успехот во разни мисии во странство завиди од способноста на војникот да комуницира на јазиците на земјите во кои се наоѓа. Весникот истакнува дека најинтересно е тоа што рускиот јазик се наоѓа меѓу оние чие познавање е “итно потребно“ во...

Continue reading

Eksplozija SAD

Експлозија во електрана во САД, петмина мртви

Post Views: 0 Во експлозијата, како што јавува CNN, пет луѓе загинале а 12 се повредени. Очевидците говорат за голем хаос околу електраната,хеликоптери со кои ги извлекувале жртвите и голем број спасувачки екипи кои се упатиле кон местото на експлозијата.Експлозијата била почуствувана во радиус од 20 км а и стамбените објекти во близина на погонот се оштетени.Се работи за термоелектрана на погон на плин и нафта со сила од 620 мегавати, која во експлозијата е многу оштетена.Во болницата во Хартфорд одалечена 20 км од фабриката потврдиле дека примиле 12 повредени во експлозијата иако...

Continue reading

logo

САД со стратешки интерес за Европа

Post Views: 0 Сигурноста на Европа е потпирач на американската надворешна политика, потврди американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Воената академија во Париз. Клинтон ова го кажа во говорот со кој сакаше да ја “смири“ Русија и да го подготви НАТО за “нови закани“. Таа повтори дека САД е против независноста на двете грузиски покраини Абхазија и Јужна Осетија, но и дека Соединетите Американски Држави не сакаат да создадат раздор меѓу земјите соседи. “Европа е една“. Европа, партнер на САД и Европа која ја вклучува Русија“. изјави Клинтон. {loadposition content9}

Continue reading

nevreme

Снежното невреме во САД однесе 18 животи

Post Views: 2 Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД. Невремето предизвика проблеми во патниот сообраќај и го отежна движењето на луѓето за време на Божик. Портпаролот на Националната метеоролошка служба ги посоветува граѓаните да се откажат од плановите за патување и да не се доведуваат во опасност.Невремето го зафати централниот дел на САД од канадската граница до Тексас.Во северните делови снежната бура може да предизвика формирање на 60 сантиметарска снежна покривка, додека на југ беше...

Continue reading

SAD

Најмалку 16 лица загинаа во снежната бура во централниот дел на САД

Post Views: 6 Најмалку 16 луѓе загинаа во снежната бура, кој го зафати централниот дел на САД и бавно се движи кон североисточниот дел на земјата. Властите соопштија за 40 сантиметри снежна покривка во Демоин, државата Ајова, и 48 сантиметри јужно од градот Мадисон, во државата Висконсин. Силните ветрови со брзина од 80 километри на час на одделни места натрупаа снежни насипи со височина меѓу 2,5 и 4,5 метри.Во невремето загинаа најмалку 16 лица, од кои повеќето во сообраќајни несреќи. Стотици училишта беа затворени, илјадници луѓе останаа без електрична енергија од Мисури до Њујорк,...

Continue reading

komora

Во САД извршена првата егзекуција со наркотична супстанца

Post Views: 1 Во затвор во градот Луксвил, во американската држава Охајо, е извршена првата егзекуција на територијата на САД со смртоносна инјекција, која содржи само наркотична супстанца. Егзекутиран беше 51-годишниот Кенет Баерс, осуден на смрт поради грозоморното убиство на млада жена извршено во 1991 година. Откако ја убил жената, Баерс го исекол искасапил телото на делови и ги расфрлал на различни места во државите Охајо и Пенсилванија.Досега во Охајо, како и во останатите 34 американски држави во кои се извршуваат смртни пресуди, се инјектираат интравенозно три супстанци –...

Continue reading

nuklearna centrala

Несреќа во нуклеарка во Пенсилванија, САД

Post Views: 5 Американската нуклеарна регулаторна комисија соопшти дека 150 работници од нуклеарна централа во Пенсилванија се пуштени дома, откако во централата Три мајл ајланд се случила најголемата нуклеарна несреќа во американската историја. Портпаролката на комисијата изјави дека нема опасност за јавното здравје. Таа вели дека вработените се деконтаминирани и нема да имаат последици по здравјето затоа што загадувањето било мало и во дозволените граници. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Самит ЕУ – САД

Post Views: 0 Лидерите на Европската унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран. Делегацијата на ЕУ на состанокот со американскиот претседател, Барак Обама ќе ја предводи шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чија што држава во моментот е претседавач со Унијата. Според најавите, на самитот во Вашингтон ќе учествуваат шефот на шведската дипломатија , Карл Билт, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ; Хавиер Солана. Станува...

Continue reading

banka

Затворени девет банки во САД

Post Views: 2 Девет банки се затворени во САД, што е доказ дека американското банкарство и натаму е под притисок на лошите кредити. Банките беа затворени во петок, а бројот на пропаднати банки во САД оваа година достигна 115, што е најмногу од 1992. година. Меѓу банките кои во петок прогласија стечај се калифорниската „National Bank“, четврта најголема финансиска институција затворена оваа година во САД. Огромните загуби првенствено се резултат на силниот раст на резервации за ненаплатливите кредити и падот на вредноста на недвижностите. Минатата година пропаднаа 25 американски кредитори,...

Continue reading

Michel Obama

Првата дама на САД се расфрли со ексклузивни подароци

Post Views: 6 Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа. Мишел Обама ги приреди на првите дами одделен прием на имотот „Роузмонт фарм“, недалеку од Питсбург. Сервисите се изработени по образец на сервис, кој се користел во 1861 година во семејството на претседателот Абрахам Линколн, кој исто како и сегашниот претседател бил од Илиноис и е еден од неговите идоли. Линколн е американскиот претседател...

Continue reading

logo

Рецесија во САД е завршена

Post Views: 0 Рецесија во САД е завршена, а економијата бележи раст, покажа последниот извештај на Американската централна банка – Федерални резерви (ФЕД). Според извештајот, сите 12 регионални претставништва на ФЕД, со исклучок на една, известиле дека економската активност е „стабилна, покажува знаци на стабилизирање, или зајакнала“. Исклучок е само регионот Сент Луис, каде е регистрирано „умерено“ економско заздравување. Економистите предупредуваат дека опоравувањето е кревко и ќе се одржи само доколку потрошувачите почнат да ги трошат своите пари. Растечката невработеност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top