Во САД извршена првата егзекуција со наркотична супстанца

Во затвор во градот Луксвил, во американската држава Охајо, е извршена првата егзекуција на територијата на САД со смртоносна инјекција, која содржи само наркотична супстанца.

 |  Крсте Голабовски  | 
komora
комора

Во затвор во градот Луксвил, во американската држава Охајо, е извршена првата егзекуција на територијата на САД со смртоносна инјекција, која содржи само наркотична супстанца.

komoraЕгзекутиран беше 51-годишниот Кенет Баерс, осуден на смрт поради грозоморното убиство на млада жена извршено во 1991 година. Откако ја убил жената, Баерс го исекол искасапил телото на делови и ги расфрлал на различни места во државите Охајо и Пенсилванија.
Досега во Охајо, како и во останатите 34 американски држави во кои се извршуваат смртни пресуди, се инјектираат интравенозно три супстанци – наркотично средство, средство кое ги парализира мускулите и средство кое ја запира работата на срцето. До решението да се изврши егзекуција само со првото од овие три супстанци се дојде, откако во септември во истата оваа држава екипата која ги става смртоносните инјекции не можеше 18 пати да ја пронајде вената на осудениот Ромул Брум за да му вбризга комбинација од трите лекови. Од тогаш досега во државата смртните пресуди не беа извршувани.
Смртта на Берс настапи девет минути откако му беше ставена инјекцијата со наркотичната супстанца. Според адвокат на осудениот, медицинската екипа направила девет обиди за да ја пронајде вистинската вена во која ќе ја стави смртоносната течност.
Властите во Охајо засега не ја потврдија информацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top