Ознака: SAD

avionska nesreka

17 лица загинаа во авионска несреќа во американската држава Монтана

Post Views: 1 Седумнаесет лица загинаа во авионска несреќа во американската држава Монтана, соопштија агенциите. Едномоторниот приватен авион, во кој патувале група деца, тргнати на скијање во Бозман, во Монтана, се обидел да слета на аеродромот во местото Бут, но се урнал на 150 метри од пистата и се запалил. Не е познато дали има жртви меѓу луѓето на земја. {loadposition content9}

Continue reading

Damask

Продолжуваат преговорите САД -Сирија

Post Views: 0 САД испраќаат двајца високи претставници на Белата куќа и на Стејт департментот во Дамаск за политички преговори со сириското раководство, изјави вчера во Ерусалим американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Вршителот на должноста заменик-државен секретар Џефри Фелтман и помошник-советникот по прашањата за национална безбедност Даниел Шапиро, кој е задолжен за Блискиот Исток, ќе пристигнат денеска во Дамаск. Двајцата високи американски функционери ја придружуваа Клинтон за време на нејзината блискоисточна турнеја. Фелтман и Шапиро денеска ќе се сретнат со сирискиот...

Continue reading

Avganistan

САД наскоро заминуваат од Авганистан

Post Views: 1 САД немаат намера да остануваат уште долго време во Авганистан, и покрај неодамна донесената одлука во оваа земја да се испратат дополнителни воени сили, соопшти синоќа претседателот Барак Обама во интервју за телевизиската мрежа Пи Би Ес. „Една од работите, кои според мене треба да ги направиме е да го натераме Авганистан да разбере дека ние немаме никаков интерес или намери да остануваме таму за подолг временски период“, подвлече претседателот. „Нашата основна цел во овој регион е да ја гарантираме безбедноста на Американците“, продолжи тој. Според него, употребата...

Continue reading

Hilari Klinton

САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза

Post Views: 4 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно. За време на посетата на Кина, Клинтон изјави дека се надева оти на самитот на Г20 во Лондон во април ќе биде усвоен договор за протокот на капитал вон границите на одделни држави. Таа додаде дека Вашингтон ја цени довербата на Пекинг во однос на задолженоста на американската Влада со оглед на тоа дека Кина има девизни резрви од два билиона долари и огромен суфицит во трговската размена со САД. Посетата на Кина...

Continue reading

znaminja

Опасност од трговска војна меѓу САД и ЕУ

Post Views: 0 Клаузулата во пакетот стимулативни мерки за купување американски производи може да доведе до трговска војна меѓу Европа и Америка, оцени амбасадорот на Европската унија во Вашингтон Џон Брутон. „Загрижени сме, бидејќи економската криза го зафати целиот свет па затоа сметаме дека мерките за подобрување само на американската економија, или само на европската или кинеската, не можат да бидат успешни, истакна Брутон. Тој објасни дека „воведувањето протекционистички мерки како што е оваа ќе го поттикне протекционизмот кај другите, како што се Кина или европските земји“,...

Continue reading

Mischael Haden

Сенатот го назначи вовиот директор на ЦИА

Post Views: 0 Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.Седумдесетгодишниот Панета е поранешен конгресмен демократ од Калифорнија и поранешен началник на кабинетот на претседателот Бил Клинтон. Тој ќе го замени на функцијата Мајкл Хејдн.Номинацијата на Панета предизвика изненадување во Вашингтон, бидејќи ЦИА вообичаено се управува од експерти од разузнавањето, а Панета нема искуство во собирањето или анализата на разузнавачките информации, истакнуваат дел од западните медиуми. Обама изјави оти го избрал за функцијата заради неговите управувачки вештини...

Continue reading

balon

ЕУ бара активна улога на САД во борба против климатските промени

Post Views: 1 Европа смета дека САД мора “целосно“ да се ангажираат во борба против глобалното загревање за да најнапредните држави во развој се уверат дека треба да придонесат за оваа борба. Ова синоќа во Брисел го изјави еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас. “Јасно е дека без целосна и активна поддршка на САД не е можно никакво глобално решение“, наведе Димас во писмото на американскиот претседател Барак Обама. Еврокомесарот додаде дека САД мора ова да го направат не само поради тоа што се одговорни за 22 проценти од емисиите на гас, туку и поради тоа што “другите држави,...

Continue reading

Obama Klinton

Хилари Клинтон нов државен секретар на САД

Post Views: 5 Хилари Клинтон положи заклетва како 67-ми државен секретар на САД во зградата „Расел“ на Сенатот. На церемонијата присуствуваа нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон и тимот од Сенатот. Клинтон при положувањето заклетва ја користела библијата на нејзиниот починат татко.Таа испратила писма со оставка како сенатор од државата Њујорк до вицепретседателот Џо Бајден, кој е и претседател на Сенатот, како и на гувернерот на Њујорк, Дејвид Патерсен.Поранешната прва дама на САД традиционално ќе го започне својот прв работен ден со говор пред вработените во Стејт...

Continue reading

teroristi

Браќата од Дебар прогласени за виновни во САД

Post Views: 0 Федералниот суд во САД прогласи синоќа за виновни пет обвинети за подготвување терористички напади, меѓу кои и тројца етнички Албанци од Дебар. Според извештаите, браќата Дритан, Шахин и Елвир Дука, родени во Дебар, заедно со уште еден Јорданец и Американец од турско потекло, се осудени за подготвување терористички напад врз воената база Ford Dix, во американската држава Њу Џерси, по што беа притворени во 2007 година. Обвинителниот акт, и покрај тоа што наведува дека тие биле инспирирани за активноста од терористичките акции на Осама Бин Ладен, сепак не утврдува оти...

Continue reading

snezna bura

Снежни бури во САД стотици илјади лица оставија без струја и предизвикаа хаос на аеродромите

Post Views: 1 Снежни бури оставија без електрична енергија над 200.000 потрошувачи во централниот дел на САД и предизвикаа хаос по аеродромите во државата Њујорк. Прекинат е дотокот на електрична енергија до домовите на 161.000 клиенти во државата Индијана, 47.000 во Илиноис и 15.000 во Охајо. Лошото време е причина и за откажување на приближно 600 полетувања во државата Њујорк, од кои над 200 од меѓународните аеродроми „Ла Гардија” и “Џон Ф. Кенеди”.Метеоролозите предвидуваат дека во повеќе реони во државите Њујорк, Конектикат и Масачусетс за неколку часа ќе се...

Continue reading

John Rudd

Противракетниот штит повторно актуелен

Post Views: 2 Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва. Руд, кој, како што е најавено денеска треба да пристигне во Москва, со руските домаќини ќе разговара и за договор, што треба да ја замени Спогодбата за ограничување на стратешко оружје Старт 1, чија важност истекува во декември идната година. Москва остро се противи на американските планови за распоредување на десетици ракетни пресретнувачи во Полска и радар во Чешка, бидејќи смета дека тие претставуваат стратешка...

Continue reading

Luisiana

Снежно невреме на југот на САД

Post Views: 2 Снег на југот и дождови на североистокот на САД предизвикаа прекин на сообраќајот, додека над милиони домаќинства останаа без струја. Снежната покривка која прекри делови на Луизијана и Мисисипи, на некои места изнесуваше дури 20 сантиметри. Во Мисисипи некои училишта се затворени, а условите за возење се отежнати.Снегот во најголемиот град во Луизијана, Њу Орлеанс, прв во повеќе од четири години, предизвика големо возбудување меѓу граѓаните, кои масовно излегуваа на улиците и фотографираа. Околу 10.000 домаќинства ширум Луизијана останаа без струја, а некои летови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top