Во престрелка во САД повредени петмина средношколци

Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници.

 |  Крсте Голабовски  | 
zrtvi
жртви

Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници.

DetroitСостојбата на двајца од повредените е критична, изјави шефот на полицијата Родерик Гримс.
Гримс наведе дека непосредно по завршување на наставата, на автобуската станица запрело зелено комби и оти двајца напаѓачи од возилото отвориле оган.

Напаѓачите, кои ги покриле лицата, прво повикале некого на станицата по име, по што отвориле оган, пренесува Си-Ен-Ен.
Претставник на средното училиште изјави дека наставата ќе продолжи утре.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top