ЕУ и САД го поздравија договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово

Постигнатиот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилност, се истакнува во соопштенијата на ЕУ и на САД по повод договорот меѓу Скопје и Приштина.

karta
карта

Постигнатиот договор меѓу Македонија и Косово за демаркација на границата е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување, што ќе придонесе за добрососедските односи и за регионалната стабилност, се истакнува во соопштенијата на ЕУ и на САД по повод договорот меѓу Скопје и Приштина.

Скопска Црна ГораШведското претседателство со ЕУ го поздравува, како што посочува, позитивниот развој во градењето добрососедските односи меѓу Македонија и Косово.

– Кога ќе се најде заедничко прифатливо решение за некое отворено прашање меѓу соседите, тоа е охрабрувачки знак за одговорност и зрелост. Македонија со тоа стана првата земја од поранешна Југославија со целосно демаркирани граници, се наведува во соопштението од шведското претседателство.

Во писмената изјава, пак, на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика Хавиер Солана, се вели дека постигнатиот договор е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување.

– Им честитам на Македонија и на Косово за договорот за демракација на границата. Се надевам дека договорот многу брзо ќе добие парламентарна ратификација, додава Солана.

Постигнатиот договор за демаркација на границата меѓу Скопје и Приштина го поздравија и САД.

– Со договорот завршува одбележувањето на границата меѓу двете земји.  Раководствата во во Скопје и во Приштина покажаа голема решителност и направија значаен чекор напред кон обезбедувањето на регионалната стабилност.  Го очекувамо брзото воспоставување и на дипломатски односи меѓу двете земји, стои во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top