Ознака: црквата

Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“

Post Views: 1 Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. „Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете возила...

Continue reading

ikona

Ќе се служи света архиерејска литургија во црквата Св. Софија

Post Views: 8 Од МПЦ Дебарско кичевската епархија инфоримираат дена по повод празникот посветен на Светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија“, во катедралниот храм „Света Софија“, утре, 30-ти септември, ќе се служи света архиерејска литургија. Литургијата ќе започне во 9 часот, а ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

Под налет на силниот ветер викендов се скрши дрво во дворот на црквата Св. Софија

Post Views: 0 Жители од УЗ Стар град апелираат високите дрва во дворот на црквата Св Софија да се одстранат и да се засадат соодветни стеблa на тој простор. Јакиот ветер, кој го зафати Охрид викендов сруши бор. Дел од крошната падна врз кровот од куќа којa се наоѓа во близина на катедралната црква и само голема среќа е што нема повредени минувачи, реагираат жители од овој дел на Варош. „ Укажувавме дека такви високи дрва , нестабилни и кршливи нема потреба да се садат во двор заради тоа што можат да направат проблем. Таквите укажувања од пред месец и половина се остварија и среќа...

Continue reading

crkva

Се повлече водата во Мавровско Езеро

Post Views: 20 Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа. Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво. Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...

Continue reading

Свети архиерејски литургии во црквата „Света Софија“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие) Вечерта во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“–Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба. Во 18:30 во катедралната...

Continue reading

mosti

Литија со моштите на Св. Георги во Струга

Post Views: 0  По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден. За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата...

Continue reading

opozarena crkva

Пожар во атарот на црквата Св. Никола, Лабуништа

Post Views: 29 За нецели пет дена осквернавени три верски објекти во струшкиот регион. После Октиси и Бороец, синоќа некаде околу 21 часот и 30 минути, во црквата Св. Никола, Лабуништа, избувна пожар. Мал број на лабуништани сакаа да коментираат за настанот. Некои од нив нафрлаа и посочија каде да се  бара виновникот, додека пак Субија Мемедоски, жител на Лабуништа излезе пред камерите и рече дека во селото отсекогаш имало соживот и дека сторителот на ова дело не е нивни соселанец.Пожарот кој се случи синоќа во атарот на црквата Св. Никола во Лабуништа, го зафати покривот, помошните...

Continue reading

Ново осветлување за црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 27 Денес 14-ти февруари, по вечерната богослужба во чест на празникот Св. Трифун, свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта. Иницијатор на акцијата е Лајонс клубот „Лихнидос“, а донатор на осветлувањето е фирмата ДАСС Инженеринг од Охрид. Минатата година заврши процесот на возобновување на фрескоживописот на оваа црква. Проектот овозможи целосна рехабилитација на манастирскиот комплекс, кој е еден раритетен пример на нашата сакрална архитектура. Целиот процес траеше седум години, период во кој се заштити првото автентично...

Continue reading

vodici Struga

Струга за Водици без кум

Post Views: 2 И додека Охрид на големо се подготвува за оваа манифестација, Струга годинава остана без кум за Водици. На објавениот јавен повик од страна на црквата св.Ѓорѓија, неофицијално дознаваме дека немало ниту еден пријавен. Можеби ваквата пасивност се должи на тоа што во Струга сеуште нема граѓанско здружение кое би се грижело околу организацијата на оваа манифестација. Сепак, дел од стружани доброволно учествувале со финансиски средства за да може да се одржи оваа манифестација, а поголемиот дел од трошоците ќе ги сноси црквата св.Ѓорѓија. Светиот крст и годинава, митрополитот...

Continue reading

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони

Post Views: 37 Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески. Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано...

Continue reading

carls darvin

„Sorry“ за чичко Дарвин

Post Views: 11 Англиската црква ќе му се извини на Чарлс Дарвин за првичното одбивање на неговите теории, речиси 150 години по објавувањето на неговиот најпознат труд. Англиската црква најавила дека со изјава ќе заклучи дека била премногу дефанзивна и премногу амотивна во одбивањето на идеите на Дарвин. Овој храбар потег сигурно нема да ги израдува деловите од црквата кои веруваат во креационизмот и идеите на Дарвин ги сметаат за спротивни на христијански учења. Извинувањето, кое го напишал пасторот д-р Малком Браун, директор на црквата за мисии и јавни прашања, смета дека христијаните...

Continue reading

crkva Sv Nikola vo Radozda

Украдени сите икони во црква во струшко Радожда

Post Views: 34 Во текот на ноќта, крадец провалил во црквата „Свети Никола“ во струшкото село Радожда и оттаму ги украл сите икони. Полицијата информираше дека моментно се врши увид во црквата и се трага по крадецот.Ова не е прва кражба во оваа црква. Пред помалку од еден месец од истата црква беа украдени 12 икони од 19 век кои се проценуваат на околу 30 илјади евра. Истата вечер кога била ограбена црквата „Свети Никола“ во Радожда, на мета на крадците била и друга црква во селото, но освен што била насилно отворена вратата, ништо друго оттаму не било земено. {loadposition cont...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top