Свети архиерејски литургии во црквата „Света Софија“

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија  ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие).

 |   | 

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)

Вечерта во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“–Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба.

Во 18:30 во катедралната црква св.Софија – Охрид свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на МПЦ-ОА.

На 01. Октомври, недела, во катедралниот храм „Света Софија“- Охрид, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“- Охрид (едноцрквие).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top