Ознака: црквата

Меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид

Post Views: 1 Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Словенија и од Босна и Херцеговина три дена ќе бидат дел од големата меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид. Настанот започнува денеска 11-ти и ќе трае до 13-ти октомври 2019 година во Охрид и Струга. Меѓународната конференција е насловена „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“ и е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста...

Continue reading

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Post Views: 12 Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.   Факултетското Студентско Собрание претставува...

Continue reading

Ограбена црква во струшко Враништа

Post Views: 6 Од СВР Охрид информираат дека на 01/02.06.2014 година, во црквата „Пречиста“ во с.Враништа, струшко, непознат сторител со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба при што одзел околу 1.700 денари. Додваат дека веќе е извршен  увид и се преземаат мерки за откривање на сторителот. {loadposition content9}

Continue reading

litija

Литијата ќе ја освети Струга

Post Views: 1 Денес во Струга во црквата „Свети Георгиј“  со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба и литија со светите мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона. Станува збор за една многу стара духовна традиција која ја практикуваат православните христијани во Струга. Со литијата не само што се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината. „Литијата е многу стара традиција.Имаме потврда дека постои стотици години уназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети...

Continue reading

bazilika

Во завршна фаза е проектот за конзервација на локалитетот Манчевци во Охрид

Post Views: 8 Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“. Проектотот се одвива во континуитет, четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а реализацијата на планираните активности ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Во периодот од 2011 до 2013  година е извршена заштита од...

Continue reading

perivlepta

Тајните на Охрид: Црквата Пресвета Богородица Привлептос

Post Views: 5 Денес погледнете ја во сонце облеаната една од најубавите цркви во Охрид, Црквата Пресвета Богородица Привлептос. Црквата Пресвета Богородица Привлептос била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата. Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиската империја. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела...

Continue reading

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Post Views: 5 Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби. Јас искрено да ви кажам не...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ЦРКВАТА СВЕТА СОФИЈА

Post Views: 3 Градоначалникот Јован Стојаноски  го проследи концертот на  светски познатите уметници од Русија, Артем Науменко- флејта и Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид. Организатор на настанот беше фестивалот Охридско Лето и истиот има хуманитарен карактер . Собраните средства ќе бидат наменети за охриѓанката Сара Настеска која веќе замина  на лекување во Германија.

Continue reading

Американски експерти ќе извршат мапирање и фотографирање на црквата Св. Софија

Post Views: 0 Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија викендов ќе биде фотографирана со користење на најсовремена технологија. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските, ќе се прави под подкровителство на Министерството за култура на Република Македонија, во координација со Општина Охрид, од страна на тимот на  американски експерти од CyArk компанијата. Експертите од CyArk  ќе ги документираат податоците од Св. Софија на три нивоа. Ќе се користат беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања...

Continue reading

crkva

За една недела обиени три цркви во мавровскиот крај

Post Views: 1 Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион. Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони...

Continue reading

svgorgija

Ќе се чистат фреските во црквата Св. Ѓорѓија

Post Views: 2 Фреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски. „Имаше некои мали недоразбирања...

Continue reading

Grcija pomen

Вевчански карневал-традиција која не замира

Post Views: 3 Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет. Со право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top