• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта секојдневно се одронува. Тој преставува потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Од Локалната ветуваат дека штом се подобрат временските услови, ѕидот ќе биде саниран.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Потпорниот ѕид во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, потенцијална опасност за минувачите и за учениците во училиштето Св. Климент Охридски. Големи камења секојдневно се одронуваат од овој ѕид за кој и не се памети кога бил изграден. Мештаните во повеќе наврати реагирале до надлежните институции, но сите одговорноста си ја префрлале од еден на друг. Едни велат дека овој ѕид бидејќи е во атарот на црквата таа треба да го санира. Други пак тврдат дека тоа треба да го стори Локалната. Мештаните се обратиле и до инспекциските служби.

Јас искрено да ви кажам не знам како службите комуницирале со охридската митрополија, но она што знам од раководителот на секторот е дека најбрзо што може ќе биде саниран тој потпорен ѕид. Претпоставувам дека правните работи се надминати и дека многу брзо ќе биде работата завршена, а ѕидот саниран, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа.

Санацијата на потпорниот ѕид во близина на училиштето Св. Климент Охридски веќе е влезена во годишната програма на Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта. Градежните работи се планира да започнат веднаш штом ќе дозволат временските услови.

Фондот за комунален развој во првите месеци од оваа година ќе изведи два потпорни ѕида. Едниот е кај старото училиште Св. Климент Охридски односно сегашното седиште на Охридската митрополија, вели Џамтоски.

Од Локалната најавуваат повеќе градежни работи во пролетниот период. Тука спаѓа и санацијата на кружниот тек во близина на болницата, но и капиталниот проект за реконструкција на улицата Абас Емин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top