Американски експерти ќе извршат мапирање и фотографирање на црквата Св. Софија

Проектот се реализира на барање на  Министерството за култура на Република Македонија и истиот треба да помогне во добивањето на прецизни податоци кои понатака ќе бидат користени за реставрацијата на овој незаменлив споменик на културата.

 |   | 

Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија викендов ќе биде фотографирана со користење на најсовремена технологија. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските, ќе се прави под подкровителство на Министерството за култура на Република Македонија, во координација со Општина Охрид, од страна на тимот на  американски експерти од CyArk компанијата.

Експертите од CyArk  ќе ги документираат податоците од Св. Софија на три нивоа. Ќе се користат беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања и фотографирања од земја се со цел целосно да биде документирано богатството на црквата.  

Откако тимот на CyArk  ќе се врати од терен , добиените податоци ќе бидат искористени за да се изработат архитектонски цртежи, цртежи во размер и детални планови кои треба да им  помогнат на нашите експерти од министерството во евалуацијата на локалитетот и изработката на деталните планови за понатамошната реставрација на истиот.  Собраните податоци ќе бидат архивирани и сочувани и достапни за генерациите кои доаѓаат.

CyArk е непрофитна невладина организација од САД која е специјализирана во документирање, архивирање и споделување на светското културно наследство. Од оснивањето во 2003-та година па досега документирани и архивирани се податоци од повеќе од 200 споменици од 7 континенти. CyArk им помага на државните институции преку обезбедување на проофесионални планови, фотограметрички слики и мапи при понатамошното спроведување на проектите на конверзација.

Црквата Св. Софија ја красат прекрасни фрески од 11,12, и 14 век и се едни од најубавите примероци на фреско сликарството од тие периоди. Моментално истите се наоѓаат во лоша состојба и ова  ќе биде прв поголем процес на реставрација на фреските после 1950-та година.

Понатака CyArk, треба да обезбеди формирање на работилница за трансфер на знаења каде експерти за заштита на културно наследство од Македонија ќе можат да се запознаат со опремата и методологијата која CyArk ја користи за да ги евидентира, процесира, нархивира и сподели фотореалистичните 3д модели на местата и локалитетите кои спаѓаат во културно наследство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top