Под налет на силниот ветер викендов се скрши дрво во дворот на црквата Св. Софија

Под налет на силниот ветер викендов се скрши дрво во дворот на црквата Св. Софија. Дел од крошната паднала врз кров на соседна куќа и за среќа нема повредени луѓе. Жители од УЗ Стар град подолго време апелираат високите дрва да се одстранат и да се засадат соодветни стебал на тој простор. 

 |  Валентина Неловска  | 

Жители од УЗ Стар град апелираат високите дрва во дворот на црквата Св Софија да се одстранат и да се засадат соодветни стеблa на тој простор. Јакиот ветер, кој го зафати Охрид викендов сруши бор. Дел од крошната падна врз кровот од куќа којa се наоѓа во близина на катедралната црква и само голема среќа е што нема повредени минувачи, реагираат жители од овој дел на Варош.

„ Укажувавме дека такви високи дрва , нестабилни и кршливи нема потреба да се садат во двор заради тоа што можат да направат проблем. Таквите укажувања од пред месец и половина се остварија и среќа се заврши без повреди“,кажува Славе Бучков жител на Варош.

Варошани се прашуваат кој ќе сносеше одговорност доколку дрвото повредеше случаен минувач. Штета е да се сечат здрави дрва заради тоа што некој нестручен засадил несоодвени дрва во дворот на црквата, напоменува варошанецот Бучков.

Сеуштe остануваме на ставот тие дрва ,а и новите кои се посадени во дворт на црквата веднаш да се заменат. На таа локација не им е местото“, подвелкува Бучков.

Во дворот на црквата Св Софија се засадени три дрва од кои два чинари и една Pavlownia. Во 2015 година беа исечени три Павловнии чии гранки се кршеа и претставуваа опасност за минувачите и жителите од Стар град. Дрвата од фамилијаtа Paulownia достигнуваат висина до 25 метри и широчина на лисјата до 40 цм, а чинарите растат до 30 метри и лесно се кршат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top