Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“

Тешка сообраќајна незгода утрово се случи на патниот правец Охрид Струга помеѓу две возила „Ауди“ и „Опел Мерива“. За среќа во оваа незгода нема жртви, освен што е причинета голема материјална штета на возилата.

 |  Николоска Биљана  | 

Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки.

Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете возила од силината на ударот излетале надвор од коловозот“.

Димоски извести дека трите повредени лица со возило на итната медицинска служба биле пренесено во Општа болница Охрид и болницата Св Еразмо. Портпаролот со порака до возачите.

„Би сакал да напоменам посебно и да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на овој патен потег, но и на сите патни правци по кои што се движат со совите патнички и други моторни возила, на тој начин да придонесеме кон подигнување кон безбедноста во сообраќајот“

По овластување од Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, полициски службеници извршија увид. Деталите околу причината поради која се случи несреќата дополнително ќе се утврдуваат како што информираа од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top