Литија со моштите на Св. Георги во Струга

По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква.

 |  Валентина Неловска  | 
mosti
mosti

 По трет пат во Струга се одржува литија со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден.

За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата и се враќал назад, а сега се поминува низ градот.litija

 Традицијата на литијата или ордијата како што ја нарекуваат стружани е вековна, а се изведува на вториот ден од празникот Ѓурѓовден. Како што вели, протојереј Васко Голабоски, процесијата во Струга датира од 18 век. Церемонијата започнувала во црквата со носење на чудотворната икона на Св Георги, беспрекорно уметничко дело, кое датира од 16 век. Свештениците на Светата Македонска Православна црква упатија порака до сите верници и граѓани на Струга.

Протојереј Голабоски ја повтори пораката која одсекогаш се упатувала до граѓаните за духовно единство, созревање и соединување со Бога, за меѓуетнички и религиски соживот на граѓаните кој од старо време бил беспрекорен. На овој ден се органзира ручек кој бил наменет за сиромашните граѓани, а подарен од богатите. Во донирањето на ручекот биле вклучени и православните и мулиманските верници, а ручекот го служеле богатите“, потсетува Голабоски.

 Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија. Архимандриотот Епифаниј од Атина ги подарил на архимандритот Партениј за метохот на Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица. Моштите на Св. Георги Победоносец се познати по своето чудотворство и исцелителност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top