Ознака: туристичките

gradski tatkovci

Постојана комуникација помеѓу бизнис заедницата за унапредување на бизнис климата во градов

Post Views: 1 Претставници од банкарскиот сектор, градежништвото, индустријата за преработка на храна, туризмот, како и локалната самоуправа, на денешниот седми по ред состанок на градските татковци дискутираа за подобрување на соработката и комуникацијата помеѓу бизнис субјектите од градов. Целта според градоналникот, Никола Бакрачески е креирање на адекватни решенија за унапредување на бизнис климата во Охрид. На изминатите седум состаноци, според градоначалникот Бакрачески се креирале предлози од кои локалната црпела идеи за развој на охридската економија. „Претставува една структура...

Continue reading

avtobusi turisticka

Булевар „Туристичка“ или автобуски паркинг „Туристичка“?

Post Views: 0 Булеварот „Туристичка“ денеска изгледаше како автобуска станица. Колона од неколку туристички автобуси, паркирани на коловозната лента од булеварот го отежнаа одвивањето на сообраќајот на нашата најголема улица. Еден извесен временски период, сообраќајот се одвиваше само по една сообраќајна лента, а со оглед на зимските околности, и мразот и снегот натрупани на работ од коловозите, ова значеше бавно одвивање на сообраќајот и револт кај возачите. Сликата не се промени до доцна попладне. Туристи по сред коловоз го влечкаа својот багаж и го сместуваа во автобусите додека...

Continue reading

hotel

Подобра организација и вмрежување на туристичките работници за подобри резултати во 2015та

Post Views: 4 Континуитет во работата, подобрување на резултатите постигнати во 2014та година, модернизирање на објектите, но и надеж за поголема промоција на туристичките понуди на охридските хотелски капацитети. Ова се дел од желбите и очекувањата на охридските хотелиери, кои велат дека 2014та година е веќе минато и дека во оваа новата треба да се надградуваат постигнатите резултати во неа. „Ако се посветиме, ако субвенциите продолжат да им се доделуваат на странски партнери кои што се сериозно заинтересирани за Охрид и таа пропагандна машинерија малку да се излезе надвор, да не...

Continue reading

турција

Промотивните тури најефикасен начин за развој на туризмот

Post Views: 16 Промотивните тури еден од поефикасните начини за развојот на туризмот. Рекламата од уста на уста и познатата девиза „јас бев, оди и ти“ се покажува како најефикасна. Непосредниот контакт помеѓу домицилната земја и потенцијалните туристи носи најмногу гости, велат туристичките работници. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот потенцираат дека покрај учеството на саемите се повеќе се применува овој начин на промоција. Овој начин за разлика од саемите каде има поголем број агенции е поефикасен бидејќи има можност повеќе време да им се посвети на заинтересираните...

Continue reading

lampioni

За празниците – дома

Post Views: 2 За Нова година и Божиќ дома. Македонските граѓани не се во финансиска кондиција за празнување вон границите на државата. Ќе слават главно во домашна атмосфера, заедно со семејството или со пријателите. Дел од граѓаните сепак и ќе патуваат- но најмногу во домашните туристички центри. Само малкумина со подлабок џеб ќе си дозволат новогодишен излет на подалечните европски дестинации. Ваквата слаба заинтересираност, за туристичките работници е резултат на нискиот стандард, но и на неможноста да се прославува подолго од два-три дена. Иако помасовно зимување очекуваат по божиќните...

Continue reading

inf.biro

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 1 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. -Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Continue reading

turisti

Полека се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов

Post Views: 6 Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование. –Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво....

Continue reading

галерија

Слаба посета на Галеријата на икони

Post Views: 6 Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како  Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор  со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј.  Отворени се  за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите  склучат договор за носење  тури...

Continue reading

LES

Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид

Post Views: 2 Неодамнешните пишувања и прилози во некои електронски и печатени медиуми околу ниското ниво на услуги во туристичкиот сектор и високите цени на туристичките услуги и производи во Охрид, беа причина Градоначалникот да свика итна седница на Локалниот економски совет во екот на туристичкава сезона. Седницата се одржа во проширен состав и на неа присуствуваа претставници од сите субјекти кои учествуват во креирањето на туристичката понуда во градов. Бакрачески рече дека  општ впечаток на сите бил дека обидите да се оцрни градов со констатации дека е прескап и дека не нуди...

Continue reading

Trpejca

Трпејца полупразна, допрва очекува гости

Post Views: 1 Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости. „Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат...

Continue reading

Охридско езеро

Дампинг цени за сместување, решение за повеќе гости во Охрид

Post Views: 1 Охрид се помалку  е посетен од домашните гости, а просекот од  реализирани две ноќевања на странските гости за минатата година, треба да се  аларм за преземање  решенија со кои треба да се надмине оваа појава, посочува Владо Суклоски долгогодишен туристички работник. Временските услови, како што беше случајот во периодот за  Велигденските празници, имаат  влијание врз намалената туристичка посетеност, но многу повеќе влијание имаат високите цени за ноќевање посебно пред сезона, напоменува Суклоски. „ Да се спуштат драстично цените во претсезона за да се направи база...

Continue reading

Охридско езеро

Туристичките агенции имаат нелојална конкуренција

Post Views: 4 Се почеста е појавата станоиздавачи и туристички водичи да го кршат законот за туристичка дејност, посочуваат засегнатите туристички работници. Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А се соочуваат со нелојална конкуренција, укажува Елида Битрак од агенцијата Елида турс. „Со голем број на нелојални станоиздавачи и туристички водичи, голем број од нив директно контактираат со други странски агенции надвор од државаат и прават аранжмани што не е во ред. На тоа треба да се стави крај“, смета Битрак.Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А како организатори...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top