Ознака: туристичките

За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид

Post Views: 6 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани. Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места....

Continue reading

Туристичките работници со предлози и барања до министерот за економија, Крешник Бектеши

Post Views: 0 Нелојалната конкуренција, туристички агенции кои функционираат на црно, хаосот во такси превозот кој се случува особено во летниот период, се само дел од проблемите кои туристичките работници од земјава денес му ги предочија на министерот за економија на РМ Крешник Бектеши. Министерот, со ветување дека владата сериозно ќе ги разгледа предлозите на хотелиерите и ќе се завземе за решавање на истите. „Ние Како Влада и Министерство за економија ќе ги разгледме сите нивни предлози. Ќе разговараме интерминистерски и со локалната самоуправа за овие предлози да ги спроведеме...

Continue reading

Охрид остана празен и за зимските празници, надежите се свртени кон пролетните месеци

Post Views: 2 Во празничните денови од годината затишје на охридското крајбрежје. Празни или полупразни останаа голем број од охридските сместувачки капацитети. Ретки се похрабрите гости од дома и странство кои допатуваа на неколку дневен престој во Охрид во овој период од годината. Останаа под клуч голем дел од хотелите на охридското крајбрежје, имаа гости само многу мал број од нив. Многу полошо поминаа издавачите на приватно сместување од мал обем, информира Александар Момироски за состојбите во овој сектор. „Сместувачките капцитети останаа празни,а дел се полупразни. Сликата за...

Continue reading

Заев: Легализација и декриминализација на канабисот прво во дел од туристичките центри

Post Views: 4 Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот. „Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да...

Continue reading

Туристичките водичи на раб на егзистенција

Post Views: 0 Двесте туристичките водичи од Охрид на работ на егзистенција.  Од  амбасадори на културното и пиродното наследство   во пандемијата  станаа социјала. До лани главните приходи ги остваруваа  од водење странски  групи почнувајќи од март до октомври , годинава  поради пандемијата нивните приходи останаа нула.Конечно тие се опфатени со финансиска помош во четвртиот  пакет  економски мерки на владата. -Штета е тие наши домашни амбасадори не бидат опфатени барем со мала помош , сеппак станува збор за една категорија на граѓани кои моментално станаа социјала и им е потребна...

Continue reading

Туристичките агенции се задоволни од четвртиот сет економски мерки

Post Views: 1 Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември . „Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои подигна...

Continue reading

Туристичките работници очекуваат гости и во месец септември

Post Views: 3 Туристичките работници очекуваат да продолжи туристичката сезона и во месец септември. Филип Стефаноски, од ТА „ДМС Балканс“ очекува дека сезоната ќе продолжи до половина од овој месец. Можеби и по 1 октомври. Стефаноски смета дека тие како сектор треба да понудат поприфатливи цени за домашните туристи. Продолжувањето на сезоната го гледаат во убавото септемвриско време и во пролонгирањето на почетокот на школската година. „За туристичкиот сектор е поволно што учебната година ќе почне од 1-ви октомври. Со тоа ќе се продолжи туристичката сезона ако нема рестрикции од...

Continue reading

Најавен протест на туристичките работници

Post Views: 0 Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за плаќање...

Continue reading

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Post Views: 8   Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски. „На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...

Continue reading

Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата дека при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа

Post Views: 0 Туристичките агенции бараат укинување на одлуката на Владата дека при влез во државата мора да се приложи валиден негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. „Влезот во земјата без тест за сите наши граѓани или странци значи државен карантин од 14 дена, а потоа и домашна самоизолација“, велат од агенциите во престрест на утрешната прес-конференција, каде што ќе ги изнесат и образложат детаљно своите барања. Според нив, отворањето на границите под овие услови ја оневозможува нивната работа и велат дека никој нема да патува под вакви услови. Агенциите барааат отворање на...

Continue reading

Се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, се укинува царината на 13 медицински производи, се забранува стечај, а туристичките агенции ќе добијат ваучери за откажаните аранжмани

Post Views: 0 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата презентираше нови мерки за справување со последиците од коронавирусот, Ковид-19. Како што информираше министерот Бектеши на Седницата на Владата на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука за замрзнување на цените на потрошен медицински материјал, медицинска опрема и материјали, потоа беше донесена одлука за укинување на царината на 13 медицински производи. Министерот информираше дека по барање на месната индустрија е донесена одлука да се продолжи квотата за увоз на замрзнато...

Continue reading

Туристичките водичи се обучуваат за управување со ризиците во авантуристичките тури

Post Views: 9 Спасителната служба на планина врши обуки за туристичките водичи за управување со ризиците во авантуристичките тури. Обуките преставуваат освежување на знаењата од прва помош и презентација на основните техники за безбедна евакуација на повредени лица на тешко пристапни места. Водичите се членови на здружението Експлор од Охрид кое ги обединува сите водичи кои работат во авантуристичкиот туризам, па дури и водичите кои работат со тури на културно историските знаменитости. Целта е двонасочна, да обезбедиме меѓусебна соработка и да бидат запознаени со кои капацитети располагаме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top