Туристичките агенции имаат нелојална конкуренција

Туристичките агенции имаат нелојална конкуренција.

 |  Валентина Неловска  | 
Охридско езеро
Охридско езеро

Се почеста е појавата станоиздавачи и туристички водичи да го кршат законот за туристичка дејност, посочуваат засегнатите туристички работници. Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А се соочуваат со нелојална конкуренција, укажува Елида Битрак од агенцијата Елида турс.

„Со голем број на нелојални станоиздавачи и туристички водичи, голем број од нив директно контактираат со други странски агенции надвор од државаат и прават аранжмани што не е во ред. На тоа треба да се стави крај“, смета Битрак.
Охрид
Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А како организатори за патување мора да исполнат високи законски критериуми, вели Битрак. Мора да склучат годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста  или да обезбедат банкарска гаранција, да поседуваат сертификат за раководење на туристичка  агенција, да имаат 4 -ца вработени. Од друга страна нелојланите конкуренти без да издвојат денар за овие обврски прават директна нелојална конкуренција на агенциите кои го почитуваат законот, посочува Битрак.

„Доколку сакаат туристичките водичи да носат групи и поединци во Охрид особено странски гости нека си отворат туристички агенции со лиценца и нека работат, тогаш нема да има проблем и  причина за реакции“, порачува Битрак.

За да се спречат ваквите појави туристичките работници бараат поголема ажурност од институциите. На потег се инспекторите кои треба да стават ред во спроведување на Законот за туристичка дејност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top