Полека се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов

Ова лето повеќе тури, а помалку проблеми, се пофалија туристичките водичи од градов. Но, тие додаваат дека има уште многу да се работи за целосно да се средат работите во оваа област. И локалната со двајца инспектори по туризам прави ред за да нема нелојална конкуренција од нелиценцирани водичи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
turisti
туристи

Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува.
Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование.

Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво. Инспекциските слуgostiжби си ја вршеа работата иако во таа гужва која се создаде од организирани туристички групи од странство се провлекоа и такви диви водичи , а многупати придружниците на гостите изигруваа локални туристички водичи. За поздравување е што инспекцијата на професионален начин ја извршуваше својата работа, вели Наумов.

Чекор напред е направен со ангажирањето на дополнителни два инспектори по туризам на ниво на општина Охрид. Во изминативе шест месеци тие извршиле 80 контроли во градов и во Заливот на коските и Св. Наум при што не се забележани поголеми прекршувања на Законот. Направени се 63 записници, а не е започната никаква прекршочна постапка ниту е изречена глоба. Наумов вели дека ваквата слика најверијатнио е поради зголемувањето на висината на глобите која изнесуваше 100 а сега е 400 евра. Тој потенцира дека добро е што се пристапи сериозно кон решавање на проблемите на туристичките водичи и дека ова е само почеток за ставање ред во ова област. Потсетува дека од стотината лиценцирохридани водичи во Охрид активно работат педесттина.

Треба да поработиме повеќе на здружување на нашите колеги. Не мора тоа да биде во здружението на туристички водичи од Охрид. Во РМ има пет здруженија и доколку водичите се здружени во еден таков еснаф на многу полесен начин ќе можат да се изборат за нивните права посебно во делот на ангажирањето на водичите преку туристичките агенции, вели Наумов.

Наумов смета дека во иднина агенциите се повеќе ќе пристапуваат кон  соработка со Здруженијата на туристички водичи, затоа што според новите законски измени кои стапуваат на сила  од јануари наредната година за хонорарно ангажирани лица ќе мора да се плаќа покрај персонален данок и пензиско и здравствено осигурување.
Инаку, претседателот на охридското здружение на туристички водичи кажува дека оваа сезона за нив била една од подобрите бидејќи имале континуитет во нивните тури. За издвојување е вели тој, тоа што ова лето во Охрид има многу гости од далечните источни земји како што се Тајван, Кина, Хонг Конг, Малезија, Јапонија. Дневницата на водичите за дневен полуразглед е 50 евра во денарска против вредност, а за целодневен разглед е 80 евра. Тоа е конкурентна цена во однос на нашите соседни држави, додава Наумов. Во соседна Грција цените се повисоки, во Албанија се на исто ниво како и нашите, додека во Хрватска обичен разгед на Дубровник чини 150 евра. Ова е причина повеќе Охрид и Македонија да бидат привлечна дестинација за гостите, подвлече тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top