Слаба посета на Галеријата на икони

Слаба посета  на Галеријата на икони.

 |  Валентина Неловска  | 
галерија
галерија

Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како  Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор  со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј.  Отворени се  за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите  склучат договор за носење  тури во подолг период цената за влезници може да се намали и за 50 посто, кажува П. Бунташеска. Задоволни се од посетеноста  на туристите и од останатите Музеи кои ги има градот. Поголема посетеност очекуваат на Куќата на Робевци по  отварањето на Златната соба која ја најавува за патронатот на градот ,  8 декември. Она што  ги загрижува е малата посетеност на Галеријагалеријата на икони која се наоѓа во близина на црквата Перивлепта. Вината ја лоцираат кај туристичкиет водичи.

„ Не сите туристи кои доаѓаат во Перивлепта ја посетуваат и Галеријата на икони. Најмногу зависи од туристичките водичи кои не ги внесуваат во Галеријата што е штета. Секој што ќе дојде во Охрид терба да ја посети  Галеријата бидејќи е подеднакво вредна со црквата Перивлепта“, вели П. Бунташеска.

На ваквото тврдење се спротиставуваат  туристичките водичи. Стефан Каневче, еден од водичите со подолг работен стаж, вели напротив ние постојано ја нудиме Галеријата на икони на туристите. Во моментов структурата на гости во  Охрид не е заинтресирана за култура и не издвојува  100 денари за влез во галеријата.  Ако  Музејот на вода е европска атракција тогаш Галеријата е светска атракција, вели Каневче и посочува дека проблемот лежи на друго место.
тврдина
„ Причината надлежните треба  да ја бараат кај себе,  а не кај другите.  Завод и Музеј треба да води грижа на се. Но, по мене кога ќе се стават на самофинасирање тогаш ќе се замислат како да си го заработат лебот, платата“,  порачува Каневче.  

Меѓу останатите причини кои Каневче ги наведува се  слабата соработка на Завод и музеј со туристичките агенции, слабата  промоција на  културните богатства кои ги поседуваме, а ги нема како туристичка понуда на градот.  Каневче тука го напоменува недостатокот од  постојани  поставки како што се златните предмети и златните маски, големиот број слики и икони кои се чуваат во музејските депоа. Укажува од недостатокот на  етнолошка поставка. Ваквите состојби присутни со години наназад само доведуваа до слаба понуда и посетеност на музеите во градот, укажува Каневче.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top