Ознака: туризам

Презентирана дел од опремата за безбедност на вода од проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“

Post Views: 6 Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода. Во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој...

Continue reading

ОХРИД СЕ ПРЕЗЕНТИРА НА БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ

Post Views: 7 На 41-то издание на Интернационалниот Белградски саем за туризам, што се одржува од 21- ви до 24 февруари, со бројни активности се промовира Охрид како атрактивна дестинација. По свеченото отворање на саемот, синоќа во познатиот белградски ресторан „ Амфора“ се одржа традиционалната „ Охридска вечер“. Пред присутните гости од туристичкиот еснаф и дипломатски претставници од повеќе земји, се обрати в.д градоначалникот Константин Георгиески. -Ви посакувам топло добредојде на традиционалната „ Охридска вечер“ со искрена желба, во овој амбиент исполнет со староградска музика...

Continue reading

prezzentacija

Презентирана туристичката понуда на Охрид во Прага

Post Views: 2 Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР  во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа, и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На...

Continue reading

ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ „EMITT“ ИСТАНБУЛ

Post Views: 0 Општина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, учествува на една од најголемите меѓународни изложби за туризам на источен медитеран, во Истанбул, Турција. Туристичките потенцијали на Македонија и Охрид како најпознат туристички центар, почнуваќи од 31.01 до 03.02.2019, ќе бидат претставени на една од петте туристички изложби ширум светот и на водечки туристички настан во Турција, саемот за туризам “East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition- EMITT”. Во обиколката на саемот, министерот за култура...

Continue reading

Македонија претставена на интернационалниот саем за туризам во Утрехт „Vakantiebeurs”

Post Views: 3 Холандскиот пазар којшто е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија продолжува да расте. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. Лојалноста во туризмот којашто најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри.Делегација на Агенцијата за туризам...

Continue reading

ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ОХРИД ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ПОЛСКА

Post Views: 0 Општина Охрид е дел од македонскиот тим  кој учествува на 25-то издание на Меѓународниот саем за туризам што се одржува од  22-ри до 24-ти ноември во Варшава, Полска. На настанот  ќе   бидат промовирани  туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар. Туристичките потенцијали на нашава земја и Охрид како најпознат туристички центар   покрај претставниците од Општина Охрид ќе ги промовираат и   претставници од  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот   како и претставници од приватниот сектор: Ресторан Острово- Св. Наум,„MacSun-Travel“- Скопје,...

Continue reading

ЈУ НП „Галичица“ ќе се финансира од туризам

Post Views: 4 Парковите се препуштени на самофинансирање. Пракса во минатото била финансирањето да е од користење на природните ресурси, односно од сеча и продажба на огревни дрва. „Од тие причини не треба да се лутиме кога не поистоветуваат со шумското стопанство. Повеќе од 90% од финансиите потребни за оперативно работење ги обезбедувавме од  сеча и продажба на огревни дрва“, вели Андон Бојаџи – дир. на ЈУ НП „Галичица“. Но сега тоа ќе се смени.  „Сме многу блиску да обезбедиме соодветно функционирање на јавната установа и за прв пат во Р. Македонија имаме значителен процент на...

Continue reading

Помал број запишани студенти на туризам

Post Views: 4 Уписите на студенти за студиската програма за туризам на ФТУ во Охрид од година во година имаат тренд на опаѓање, исто како и на другите факултети, вели Цветко Андреески декан на Факултетот. Тенденциите на намален интерес за уписи траат неколку години наназад, но годинава таа појава е најдраматична, вели деканот Андреески. „Најголемо потфрлање има на бројот на студенти на ФТУ на студските програми од областа на туризмот. На туризам се запишале 17 студенти, а вкупниот број студенти за хотелско-ресторански менаџери и гастрономија е 30 студенти што е многу мал број. Во...

Continue reading

Риболовен туризам а не стопански риболов

Post Views: 3 Постапката за доделување концесија за вршење стопански риболов на Охридско езеро е во тек. Додека трае истата и по пат на јавен повик не се избере нов концесионер кој во следните 6 години ќе се грижи за  заштита и одржливо користење на рибите, езерото е без концесионер. Дел од екологистите сметаат дека Охридското езеро воопшто не треба да се дава под концесија за стопански риболов. Со езерото треба да стопанисуваат локалните власти на Охрид и Струга, риболов да има само во туристички цели и да не се врши излов додека не се стабилизора рибниот фонд, вели екологистот Лазо...

Continue reading

Масовен или елитен туризам

Post Views: 8 Масовен или елитен? Кон каков туризам треба да се стреми градот? Според туристичките работници Охрид  заслужува да биде монденско туристичко место.  Со сите културно историски и природни вредности градот е уникатен во светот, а тоа треба да се цени. Со привлечни аранжмани Охрид треба да биде  конкурентен  на светскиот  туристички пазар. „Охрид треба да биде монденско летувалиште. Има што да се види во градот. Охрид не е само плажи и капење  има милион работи кои треба да се видат. Значи луѓето овде не идат само да се капат  сончаат  туку да видат нешто“, вели Мери Фармак...

Continue reading

Во пораст авантуристичкиот туризам во охридскиот регион

Post Views: 1 Два повици за помош во различни ситуации, во еден ден, пристигнале до охридските волонтери за спасување на планина. Параглајдерски тандем не можел безбедно да слета заради лошите временски услови, а млад брачен пар од Естонија останале на планината Галичица откако им се расипло теренско возило, информира Антонио Додевски, професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи. Во авантуристичкиот туризам ситуациите излегуваат од контрола и има потреба од специјални тимови, појаснува Додевски. „Како што кажав два повици...

Continue reading

Ќе се дигитализира секторот туризам

Post Views: 0 На денешната седница 106. седница Владата усвои Информација за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на Македонија, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top