Ознака: туризам

plaza

Успешна туристичка сезона за струшката ривиера

Post Views: 8 И додека секторот за туризам при Општина Струга сеуште ги обработува податоците за тоа како измина оваа туристичка сезона, хотелските работници од овој град задоволни ги тријат рацете. Хотелиерите се фалат дека од месец мај до октомври работеле со исполнетост од 80%, а 85% од гостите кои уживале на струшката ривиера биле странски гости. Ана Јанчева од „Хотел Дрим“ вели дека тајната на успехот се состои во богатата со содржини туристичка понуда, како и анимирањето на гостите за време на нивниот престој. Секако не смее да се заборави и збогатувањето на гастрономската понуда,...

Continue reading

Конгресниот туризам во Охрид е во опаѓање

Post Views: 0 Продолжување на туристичката сезона по завршување на летото туризмолозите гледаат во конгресниот туризам. Тоше Чочороски менаџер на охридскиот хотел Силекс информира дека во Охрид до Нова година конгресен туризам ќе има, но во помал број за разлика од минатите години. Тренд на домашните компании е да организираат семинари надвор од Македонија . За настаните се избираат места со дополнителни понуди како што се спа центри и други содржини, а тоа не оди во прилог на домашниот туризам, напоменува Чочороски. „Конгресниот туризам е на стабилни основи кога станува збор за Охрид....

Continue reading

Конгресниот туризам во Охрид е во подем

Post Views: 0 Конгресниот и културниот туризам се формите на туризам кои на хотелските работници од градов имм овозможуваат да опстојат во текот на целата година. Конгресниот туризам е идеална форма со која се пополнува вакумот од една до друга туристичка сезона. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Ова е еден од начините преку кој можеме да имаме туристичка сезона...

Continue reading

legitimacija

Нова програма и практичен испит за идните туристички водичи

Post Views: 3 Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел. Досегашната практика на полагање за добивање лиценца за туристички водич не предвидуваше полагање на практичен дел, односно кандидатите полагаа само теорија. „Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот на нашата и воопшто за секоја земја. Од квалитетот на нивната презентација, зависи дали странските посетители ќе си заминат дома со пријатни...

Continue reading

На охридскиот туризам му недостасува софтвер за електронско пријавување на туристи

Post Views: 2 Општинскиот инспекторат и Државниот завод за статистика прикажуваат различни бројки на остварени ноќевања на охридското крајбрежје. Така, за 2016 година Општинскиот инспекторат во книгите на станоиздавачите и хотелите евидентирале 469.324 ноќевања, а државниот завод за статистика 800.000 ноќевања. Oд одделението за туризам при ЛС велат дека иако станува збор за различна методологија на обработка на податоците, не е негираат дека дел од станоиздавачите продолжуваат да ја прикриваат туристичката такса и да не ги пријавуваат реализираните ноќевања. Додаваат дека сепак расте...

Continue reading

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Post Views: 3 Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.Задача на...

Continue reading

За развој на руралниот туризам треба да помогне и државата

Post Views: 4 Вевчани и Куратица се позитивен пример за развој на рурален туризам. Несекојденвните доживувања како што се сафари со магариња, дегустација на македонските локални специјалитети, прошетка во природа, едукативни активности ги задоволуваат потребите посебно на холандските туристи, кои годиниве наназад повторно во се поголем број ги има во охридско – струшкиот регион. Проф. Михаил Ристески, асистент на ФТУ кој работи и како туристички водич, смета дека за развој на руралниот туризам треба да интервенира и државата, бидејќи сеуште во селските средени настаните се одвиваат...

Continue reading

Наумоски: Од развој на спортски туризам нема ниту спорт, ниту туризам

Post Views: 11   Развојот на спортскиот туризам во градот, од кој нема ниту спорт, ниту туризам, е само фантазија на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, обвинија од ОО на СДСМ Охрид на денешната прес конференција. Портпаролот Мишел Наумоски упати јавна критика, до актуелното раководство во градов, дека некои од спортските терени се под клуч и се приватни игралиушта за негување на спортскиот дух помеѓу членовите на ДПМНЕ, а место за обичните граѓани немало. „Наводните вложувања што криминалните структури на ДПМНЕ помпезно ги презентираа...

Continue reading

Охрид домаќин на петтата меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми

Post Views: 1   „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, е темата на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. На неа наредниве три дена ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки,...

Continue reading

Објавена листата на граѓани кои добија ваучер за домашен туризам

Post Views: 3 Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за домашен туризам во износ од 12.000 денари. Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од пријавените угостителски објекти за сместување, објавени на веб- страната на Министерство за економија. Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од...

Continue reading

Дебрца руралниот туризам ќе го развива со уредување на локалитетот „Сини вирој“

Post Views: 1   Ќе се гради пристапен пат до локалитетот „Сини Вирој“. Тое е предвидено со проектот за развој на рурален туризам за кој проект општина Дебрца денес ја прими проектната документација, од страна на Министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски во телефонска изјава за ТВМ истакна дека овој проект за нив како општина е од исклучителна важност, бидејќи покрај што ќе се уреди еден локалитет, истиот ќе претставува атракција која ќе може да влезе во туристичката...

Continue reading

Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав

Post Views: 2 Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав. Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конгреси, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. Хотелот Метропол има долга традиција за организирање конференции, семинари и конгреси. Од почетокот на септември до сега се организирани 18 големи конференции и  триесетина семинари. За таа цел имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на вакви...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top