Ознака: туризам

Дополнета програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи

Post Views: 12 Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари, се наведува во соопштението на владината прес-служба. Со предвидената мерка, се додава во соопштението, ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто...

Continue reading

Бејли: Македонија е добро позиционирана да може да учествува во активен туризам

Post Views: 3 Луѓето во активниот туризам бараат култура, природа, автентични искуства кои доаѓаат од директните контакти со локалното население. Ако се земат предвид овие фактори,Македонија е одлично позиционирана за учество на активниот туризам, истакна американскиот амбасадор во Р Македонија Џес Бејли на конференцијата Adventure NEXT Balkan, кои од 10 12 мај се одржува во Охрид. Бејли, истакна дека американската амбасада со задоволство ја поддржува оваа конференција за развој на туризам која се подготвува 2 години и претставува составен дел од нивните напори во проектот за поддршка...

Continue reading

Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам

Post Views: 2   Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам. Започна меѓународната конференцијата за активен туризам, што се одржува Охрид на која учествуваат 300 делегати. Меѓу нив има врвни експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, како и блогери и други професионалци. На конференцијата присуствуваат и  65 светски тироператори од А листа, кои ќе ги продаваат македонските туристички производи заедно со 17 домашни агенции. Првичните впечатоци од гостите се многу позитивни. Тие денеска се на промотивни тури низ...

Continue reading

Предсезонски аларм

Post Views: 5 Блага опомена. Струга во моментов не е подготвена за туризам. Струшките угостители сериозно стравуваат за престојанта туристичка сезона. Тие пососчија низа проблеми кои општината треба да ги реши за да дојдат туристите  во овој град. Дел од нив предупредија на проблемите кои им бодат очи, а заради кои туристите ќе го заобиколат овој туристички центар. За една успешна сезона еден од основните услови е хигиената, па потоа инфраструктурата и уредувањето на градот, вели Наум Угреновиќ, угостител од Струга. Тој додава дека тоа е примарна работа на општина Струга, на што...

Continue reading

lovci

Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч

Post Views: 0 Ловното  друштво Превезан од Струга под концесија  на 10 и 20 години има  два ловни терени. Ова ловно друштво постои од 1957 година информира претседателот  на ЛД Превезан Климе Бицевски. Едниот терен е планински и се наоѓа во Долна Белици, а другиот е во поле и е во атарот на селото Драслајца. За концесијата на државата и плаќаат 90.000 денари годишно, напоменува Бицевкси Додава дека во друштвото денес има 150 ловџии членови, а пред три децнии нивниот број бил и до 1000 ловци. Членарината  е 3500 денари годишно, вели претседателот  на Превезан. Ловџиите најчесто ловат...

Continue reading

Охрид има потенцијал за спелео туризам

Post Views: 4   Охрид има можности за развој на спелео туризам. НП „Галичица“ кој е распространет помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, овозможува формирање пештери. Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници со сунѓереста структура и голема порозност. Александар Булески спелеолог од клубот Ботом Тајм, вели дека низ светов постоеле многу пештери кои биле претворени во туристички спелеолошки локалитети. Тие обично биле хоризонтални,  достапни, лесни за шетање, добро обезбедени, осветлени, а имало...

Continue reading

реиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам

Post Views: 7 Креиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам. BALKAN HIKING ADVENTURE е создаден во текот на 2015та година со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јабланица, Галичица и Баба од кои 8 патеки се транснационални. Овие региони според статистиката...

Continue reading

Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години

Post Views: 1 Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на  Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј  го истакна првиот човек на Факултетот  деканот, проф.Цветко Андрески. „ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите...

Continue reading

strategija

Стопанската Комора за Туризам усвои нова Стратегија

Post Views: 1 Стопанска Комора за Туризам на Македонија ја усвои новата Стратегија за развој за периодот од 2015-2018. Целта е да се усогласат чекорите со новите растечки трендови на развој на македонскиот туризам. Се очекува, со имплементацијата на Стратегијата, да се влијае на јакнењето на капацитетите на националната и локалната инфраструктура, составена од сите релевантни чинители и да се придонесе за поврзување на институциите неопходни за развој на туризмот во Република Македонија. Во пресрет на зимската туристичка сезона, Стопанската комора за туризам апелира до надлежните...

Continue reading

Struga

Помина тешка година

Post Views: 4 Испративме тешка година. Ваков е ставот на пратеничката Лилјана Затуроска од владеачката ВМРО – ДПМНЕ од Струга за изминатата 2010год. Затуроска категорична оти започнатите проекти од минатата година треба да се реализираат, но најави и многу новитети. Таа додаде дека во 2011 година очекуваат закрепнување на економски план,  не само на Струга туку воопшто и на целата земја.Затуроска планира развој на руралниот туризам во Струга. Тука таа гледа голем потенцијал на можности за инвестирање.Кога се работи за инвестиции во Струга, не е рамнодушен и пратеникот Тахир Хани,...

Continue reading

Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам

Post Views: 9 Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Хотел Десарет кој е еден од најголемите хотели по својот капацитет со над 500 легла располага со 5 конгресни сали опремени по најновите стандарди за одржување на вакви настани. Во овој хотел од почетокот до средината на август се одржал конгресот на медицинари во кој имало учесници од  70тина земји од светот. И...

Continue reading

promo videa Ohrid

10 работи кои мора да се направат во Охрид според експертот за туризам Дејвид Хофман

Post Views: 0 Возете се со кајче во Охридското Езеро, направете фотографија од црквата “Св.Јован Канео”, посетете ја Светиклиментовата Црква на Плаошник, видете го Античкиот театар, разгледајте ја музеј-куќата на фамилијата Робевци, видете ги фреските во црквата Света Софија, восхитувајте се на погледот од Самоиловата тврдина, купете Охридски бисери, посетете го манастирот “Св.Наум” и изворите на Црн Дрим, дојдете во допир со природата во националниот парк Галичица. Ова се десетте работи кои секој турист мора да ги направи кога ќе го посети Охрид, според експертот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top