Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам

Речиси во сите хотелски капацитети на охридската ривиера каде што има услови за тоа во овој период се одржуваат конгреси и семинари. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресниот туризам. Хотелиерите полни со надеж дека на ваков начин ќе се продолжи туристичката сезона. Тие се повеќе инвестираат во градење и осовременување на конгресните сали.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Хотел Десарет кој е еден од најголемите хотели по својот капацитет со над 500 легла располага со 5 конгресни сали опремени по најновите стандарди за одржување на вакви настани. Во овој хотел од почетокот до средината на август се одржал конгресот на медицинари во кој имало учесници од  70тина земји од светот. И во моментов таму престојуваат гости кои се дел од два семинари. Билјана Шулеска, шеф на рецепција во овој хотел објаснува дека месеците мај, август и септември се најпогодни за конгресен туризам.

Сезоната кај нас се знае трае до август или до средината на септември. Со конгресниот туризам таа се продолжува  се до октомври, а ако се погодни временските услови и до ноември. Развојот на конгресниот туризам оди во нагорна линија, а и нашата понуда се повеќе расте, така што гостите се задоволни и повторно ни доаѓаат, вели Шулеска.

И во хотелскиот комплекс Метропол и Белви големо внимание поалгаат на развојот на конгресниот туризам. Атанас Николоски, менаџер по продажба вели дека конгресниот и културниот туризам се тие што им овозможуваат да опстојат во текот на целата година. Имаат осум сали за состаноци и три четири помали простории кои се адаптираат во дополнителни сали за состаноци со цел да можат да организираат повеѓе семинари или конгреси во исто време.

Доколку ги поседувате основните услови  за развој на конгресниот туризам како објект, дополнителна поволност е тоа што градот е многу блиску  и има голем број културно историски споменици кои гостите можат да ги посетуваат во слободното време па затоа не случајно тие се одлучуваат во Охрид да ги организираат своите семинари и конгреси, вели Николоски.

Хотелиерите тврдат дека само на ваков начин можеме да имаме туризам 365 дена во годината. Додаваат дека треба да се направи добра стратегија сезоната која трае само два месеци да ја продолжиме барем за пет. Охрид покрај класичен туризам, сончање и капење има многу повеќе да понуди само треба добра организација и визија за развој на оваа стопанска гранка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top