Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч

Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч.

 |  Валентина Неловска  | 
lovci

Ловното  друштво Превезан од Струга под концесија  на 10 и 20 години има  два ловни терени. Ова ловно друштво постои од 1957 година информира претседателот  на ЛД Превезан Климе Бицевски. Едниот терен е планински и се наоѓа во Долна Белици, а другиот е во поле и е во атарот на селото Драслајца. За концесијата на државата и плаќаат 90.000 денари годишно, напоменува Бицевкси Додава дека во друштвото денес има 150 ловџии членови, а пред три децнии нивниот број бил и до 1000 ловци. Членарината  е 3500 денари годишно, вели претседателот  на Превезан. Ловџиите најчесто ловат она што е дозволено во сезона.

ptici„ Ситен дивеч , прелетенкако што се потполошки , прлици , потоа гулабот, патка. Од 1 октомври се ловата дивата свиња, фазан,  зајак, шумска шљука, се лови во две етапи“,појаснува Бицевски.
 
Ловџиите од струшки Превезан се обиделе да направат репроцентар за фазани и диви зајаци ама не се покажало успешно, појаснува Бицевски. Вели странците покажуваат интерес за ловен туризам.

„ Интерес има претежно од италијанци, но да се поканат треба да има вишок на дивеч за да има и за нив и за нашите членови. Но тоа е тешко. На  поедини терени има еребица за да се дозволи одстрел за да има прилив н апари во друштвото “, укажува Бицевски.  

lov

 

Ресорното министерство објави јавен повик за давање под концесија на дивечот во ловишта во Струга.  Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години во зависност дали се работи за ситен или за крупен дивеч. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат условите во тендерската документација. Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до 25 април 2016.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top