Ознака: туризам

Презентирани светските стандарди за одржлив туризам пред македонскиот туристички сектор

Post Views: 5 12 општини од Македонија учествуваат на тренингот за одржлив развој на туризам кој се одржува во Охрид. Одржливиот туризам се раководи според одредени стандарди кои ги земаат во пртедвид сите постојни и идни економски, општествени и еколошки влијанија при задоволување на различните потреби на посетителите, индустријата, животната средина и домашната заедница.Пред околу 30 претставници од туристичкиот сектор, туристички асоцијации, државни, образовни институции и граѓански организации, од Глобалниот совет за одржлив туризам ги презентираа стандардите на одржливиот туризам...

Continue reading

logo

Македонија со своја насловна во чешкиот „Travel digest“

Post Views: 0 Реномираното чешко списание за туризам и патување „Травел дигест“ во најновиот број ја претставува Македонија и нејзините туристички потенцијали. Како што јави дописникот на МИА од Прага, на пет страници под наслов „Македонија – дива убавина која чека да ја откриете“ се претставени природните убавини и културно-историското наследство на нашата земја. – Од малата, планинска земја се дојдени Александар Велики, просветителите Кирил и Методиј, а речиси 1.000 години подоцна и Мајка Тереза. Откријте ја богатата историја, нескротливата природа и словенската гостопримливост...

Continue reading

Општината ќе ги промовира приватни станоиздавачи и даватели на услуги во руралниот туризам

Post Views: 3 Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2018 година, Општина Охрид објави јавен повик за промоција на физички лица  кои вршат угостителска дејност, односно приватни станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Кандидати кои можат да аплицираат се сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Јавниот повик се однесува за онлајн промоцијата на туристичката понуда на официјалната веб страна на Општина...

Continue reading

saem

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 0 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра. – Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Continue reading

Градоначалникот Стојаноски отствари средба со претставници на светскиот совет за одржлив туризам

Post Views: 38 Како дел од континуираната соработка со СВИСС – ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со представниците на СВИСС – ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам – Global Sustainable Tourism Council (GSTC),  Др. Михи Кан. Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за GSTC. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на ...

Continue reading

За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам

Post Views: 0 Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена...

Continue reading

Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен

Post Views: 2 Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен. За неговиот развој потребна е професионализација и стандарди, посочуваат од Македонската асоцијација на Интернационални водичи во планина. Професијата водич во планина, е една од најтешките професии во светот. Водичите на планина сметаат дека потребно е да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина. „Во туризмот ние имамe едни стандарди, работиме многу често со луѓе кои што воопшто не се искусни за таа работа и одговорноста за организирање на целата тура е...

Continue reading

Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам

Post Views: 0 Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам. Се поголем е бројот на странски туристи кои се заинтересирани за спортскиот рекреативен риболов на Охридското езеро. Но и воопшто, во нашата земја со сигурност може да се каже дека постојат страствени вљубеници во овој спорт, кои на рибарење доаѓаат подготвени со соодветна опрема, вели Љупчо Стојкоски, риболовен водич. Тој додава дека покрај спортскиот риболов на најстраствените риболовци им даваат можност да се запознаат и тајната на ловење со блинкер, која е мошне специфична и многу стара. Праксата покажува...

Continue reading

Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам

Post Views: 2 Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното. Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“. Македонските екипи...

Continue reading

Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам

Post Views: 0 Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам. Виното е важна компонента при креирањето на еден добар туристички производ, смета Будимир Соколовиќ, сопственик на вилата и винаријата мал Св. Климент. Тој кажува дека Хрватска и Словенија имаат направено бум со малите винарии кои се посетени од голем број туристи во текот на цела година. Неодамна охридските вина беа преставени на Винскиот салон во Скопје, „Винодонија“, каде посетителите имале можност да присуствуваат на едно комплетно ново доживување на поимот вино. Сe преставиле 40 винарии од земјава и од странство...

Continue reading

Битрак: Охриѓани се повеќе се заинтересирани за бански туризам

Post Views: 5 Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите. „И практиката покажува дека...

Continue reading

Се реновира Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 3 Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето. Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top