Наумоски: Од развој на спортски туризам нема ниту спорт, ниту туризам

Тениските игралишта на СРЦ Билјанини Извори под клуч, а повеќенаменското игралиште целосно покриено со птичји измет. Тое е само дел од сликата за развој на спортскиот туризам, која ја промовира градоначалникот на Охрид и директорот на СРЦ,обвинија денеска охридските социјалдемократи.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Развојот на спортскиот туризам во градот, од кој нема ниту спорт, ниту туризам, е само фантазија на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, обвинија од ОО на СДСМ Охрид на денешната прес конференција. Портпаролот Мишел Наумоски упати јавна критика, до актуелното раководство во градов, дека некои од спортските терени се под клуч и се приватни игралиушта за негување на спортскиот дух помеѓу членовите на ДПМНЕ, а место за обичните граѓани немало.

„Наводните вложувања што криминалните структури на ДПМНЕ помпезно ги презентираа пред јавноста во Охрид, како изградбата на тениското игралиште и повеќенаменското игралиште кај Билјанини Извори зјаат празни, бидејќи нив никој не ги користи. А и како да ги користи кога Локалната самоуправа одлучила да ги заклучи. Дека овие т.н проекти се прават само да се замајува јавноста и да се креира заблуда дека нешто се работи, говори и состојбата во која тие се наоѓаат. Додека околу тениските игралишта сеуште има отворени и незаштитени кабли, повеќенаменското игралиште е целосно покриено во птичји измет и очигледно нема кој да го исчисти“.

Наумски обвинува дека Локалната самоуправа на ВМРО – ДПМНЕ сеуште била во заблуда што е тоа капитален проект за што како пример го посочи проектот за изградбата на затворениот пливачки базен.

„Таму има купишта земја и неколку метални шипки. Ете толку и значи тендер фамилијата, толку и значи и на Локалната самоуправа, која наместо да реализира проекти кои навистина ќе им значат на охриѓани како затворениот базен, тие градат, патеки, патечиња, кружни текови и цртаат хотели каде ќе стигнат“.

Околу податокот дека нашата општина е седма најтранспарентна општина во Македонија, Наумоски истакна дека нивната транспарентност е само на хартија, бидејќи кога на обичниот граѓанин му е потребна информација треба да играат детективи или да вежбаат истражувачко новинарство. Тој додаде дека набргу после 29 јануари кога СДСМ ќе формира Влада ќе го означи почетокот на новиот живот во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top