Конгресниот туризам во Охрид е во опаѓање

Конгресниот туризам во Охрид е во опаѓање. Тренд на домашните компании е да организираат семинари надвор од Македонија. Туристичката сезона е  кратка,  продолжување има со балканските тури на гости од Малезија, напоменуваат туризмолозите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Продолжување на туристичката сезона по завршување на летото туризмолозите гледаат во конгресниот туризам. Тоше Чочороски менаџер на охридскиот хотел Силекс информира дека во Охрид до Нова година конгресен туризам ќе има, но во помал број за разлика од минатите години. Тренд на домашните компании е да организираат семинари надвор од Македонија . За настаните се избираат места со дополнителни понуди како што се спа центри и други содржини, а тоа не оди во прилог на домашниот туризам, напоменува Чочороски.

„Конгресниот туризам е на стабилни основи кога станува збор за Охрид. Тој е во континуитет, но и покрај тоа годинава забележан е пад на тие гости“, подвлекува Чочороски.

 

Фране Уран, професор по туризам од шибенскиот Факултет од Хрватска посочува дека заеднички проблем на туризмот во регионот е продожување на сезоната. Продолжување на сезоната гледаат и во кружните тури што се организираат низ Балканот.

„Сезоната е кратка тоа го видовме и во Охрид. Тоа што е добро се турите од Малезија низ Балканските земји. 2 ноќи во Охрид, 2 во Албанија и 2 во Хрватска или Грција. Некоја иднина е во соработката“, вели проф. Уран од Хрватска.

Интересот за Балканските тури од гостите од Далечниот Исток налагаат и усогласување и прилагодување на цените на туристичките пазари во регионот. Охрид во таа насока има конкурентни цени, напоменуваат домашните туризмолози.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top