ЈУ НП „Галичица“ ќе се финансира од туризам

Препораките на Меѓународната организација за заштита на природните ресурси IUCN велат дека финансирањето на заштитата на природата во националните паркови препорачливо е да се спроведува од јавни пари, но за жал во Македонија тоа не е случај.

 |   | 

Парковите се препуштени на самофинансирање. Пракса во минатото била финансирањето да е од користење на природните ресурси, односно од сеча и продажба на огревни дрва.

„Од тие причини не треба да се лутиме кога не поистоветуваат со шумското стопанство. Повеќе од 90% од финансиите потребни за оперативно работење ги обезбедувавме од  сеча и продажба на огревни дрва“, вели Андон Бојаџи – дир. на ЈУ НП „Галичица“. Но сега тоа ќе се смени.
 
„Сме многу блиску да обезбедиме соодветно функционирање на јавната установа и за прв пат во Р. Македонија имаме значителен процент на приход, а да не е од дирекно користење на природните ресурси“ додава Бојаџи.
 
Управувањето со заштитените подрачја во најголемиот број случаи се врши со помош на зонирање, односно со дефинирање на дозволени и забранети активности во секоја од зоните. Бојаџи вели дека во текот на 2019-2020-та година ќе треба да започне процесот на ажурирање на постојниот план за управување со паркот, чиишто активности заедно со активностите од проектот  финансиран од страна на ЕУ и УНДП, кој ќе го реализираат најдобрите национални но и меѓународни експерти за да се заокружи процесот на ревалоризација на паркот.
 
„Во моментов имаме многу добри податоци за тоа што поседува паркот како вредности. Врз основа на тие податоци кои ги добивме од експертите, се направи препрогласување на паркот но исто така ги искористивме за да извшиме зонирање кое ни беше потребно за подготовка на планот за управувње со проектот“, објаснува Андон Бојаџи – дир. на ЈУ НП „Галичица“.
 
„Последниве две години се случуваат големи промени бидејќи обезбеден е значителен дел од потребните финснсиски средства за оперативно работење на паркот, преку реализација на активности поврзани со туризмот. Се користи природата на паркот, но не се користат дирекно ресурсите“, вели Бојаџи. Доколку паркот истрае во овој начин на финансирање , фондот кој го има направено КФВ – Развојната банка ќе може да го покрие останатиот износ од финснсиите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top