Ознака: струшкиот

sednica

Струшкиот Совет не избра претседател

Post Views: 1 Денес, на првата седница на струшкиот Совет не беше избран претседател на ова законодавно тело. Верификационата комисија ги предложи, Јулијана Зуноска од Сојозот за Струга и Абдула Ќазимоски од ДПА, за кандидати за претседател. Но ништо од тоа, политичките партии по се изгледа не се договорија. Очигледна беше поделеноста на македонскиот и албанскиот политички блок. Од здружената коалиција не го поддржаа Ќазимоски. Од таму се произнесоа дека нема да попуштат и оти цврсто стојат на својот став, претседател на струшкиот совет да биде македонец, заради зачувување на соживотот...

Continue reading

vmro dpmne

ВМРО – ДПМНЕ од Струга бара да нема етнички поделби

Post Views: 2 ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја  посетат Струга, пред да биде избран  претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати. „Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството...

Continue reading

struski sovetnici

Верификувани мандатите на новите советници во Струга

Post Views: 2 27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани.  „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања  да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет. „Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го...

Continue reading

sednicastruga

Струшкиот Совет ја одржа последната седница

Post Views: 8   Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам  и мајтапење на законските прописи.  Затуроски додава...

Continue reading

Земјоделците од охридско-струшкиот регион не ги исполнуваат критериумите за користење на Ипард 2

Post Views: 10 До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале 198 апликации за ИПАРД 2 програмата од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Со помош на средства од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност да се развива и руралниот туризам. Македонските земјоделци најмногу интерес покажале за  реализација на проекти од...

Continue reading

brza pomos

Здравствениот дом во Струга се поднови

Post Views: 13 Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа. „Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни.  Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...

Continue reading

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 4 Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање. „При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...

Continue reading

Riste Kjushkoski

„Отвори врата за својата иднина“

Post Views: 8 „Отвори врата за својата иднина“ е новината која доаѓа од струшките социјалдемократи, со која сакаат да го проверат јавното мислење на своите сограѓани, односно да слушнат за нивните проблеми и маки. Претседателот на О.О. На СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски, истакна дека ова е проект од граѓаните за граѓаните од кој ќе произлезе програмата на СДСМ. „Преку овој проект секој граѓанин на струшкиот регион ќе може да го искаже своето незадоволство од руралната или урбаната средина во која живее и тоа проблеми од инфраструктурата, комуналните дејности, образованието, социјалатам...

Continue reading

Во охридско-струшкиот регион се регистрирани околу 16 илјади луѓе со дијабетес

Post Views: 4 Во охридскиот центар за дијабетес се регистрирани 7000 дијабетичари, а во Струга и Вевчани 9000 дијабетичари. Од регистираните дијабетичари во Охрид 1900 се на инсулин, а останатите се на таблетарна терапија, вели Димче Панџакоски претседател на охридското Здружение на дијабетичари. Панџакоски информира дека голема е бројката на граѓани кои и не знаат дека имаат дијабетес или не се регистрирани бидејќи се водат во евиденција на матичните лекари. Од ден на ден расте нивниот број. На еден починат од компликации од дијабетес се регистрираат 2 нови случаи на заболени. Иво...

Continue reading

pozarna

Пожарите ќе се гасат со стари возила

Post Views: 5 Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период. Загрижува фактот што  од 298 пожари кои се случиле  лани  сите  се со oзнака  непознат сторител, нагласува командирот Каба. „Огромен број од кои ни еден н е е откриен. Апелирам до надлежните органи овие предизвикувачи на пожари да ги откријат бидејќи е невозможно ние да интервенираме на разни локации. Се соочуваме со застарен возен парк, лимитиран  број на вработени и не може да постигнеме на сите...

Continue reading

kamenolom

Здравјето пред профитот

Post Views: 19 Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика  и предупредува на сериозноста на проблемот. „Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара одговорност...

Continue reading

pazar

Струга-Бејрут

Post Views: 34 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните. И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top