Ознака: струшкиот

Големa материјална штета претрпе опожарениот струшкиот ЕК Снегар

Post Views: 7 33 спортски пловни објекти изгореа во хангарот на струшкиот едриличарски клуб Снегар. Клубот остана без чамци од класите Ласер, Европа, Оптимист и другите бродови кои се затекнаа во скалдиштето на струшката плажа на површина од над 250 метри квадратни, кажува со тешко срце Лазо Ѓоргоноски претседател на ЕК Снегар. Територијалната противпожарна единица, вчерa околу 17 часот, интeрвенирала со две возила, но заради материјалот кој развива голема температура било невозможно да се изгасне. Денес, се расчистуваа остатоците од опожарениот едрилачарски хангар и се сумираше настанатата...

Continue reading

struja

ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта

Post Views: 20 ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари. „Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ –...

Continue reading

spomenik revolucija

Нов изглед на струшкиот плоштад и реконструкција на Споменикот на револуцијата-дел од плановите на градоначалникот Села

Post Views: 1 Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга. Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат. „Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен...

Continue reading

ezero

Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро

Post Views: 0 Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан  со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.   „Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле...

Continue reading

deca sovet

Посета на ученици во струшкиот Совет

Post Views: 4 Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот. „Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите...

Continue reading

dijaliza

Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа

Post Views: 7 Отуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените. „Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена...

Continue reading

рак на дојка

Се зголемува бројот на откриени случаи на рак на дојка во охридско-струшкиот регион

Post Views: 31 Ракот на дојка во охридско–струшкиот реон во последните 3 години е во пораст, информира д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика  од Здравствен дом Вевчани. Статистиката покажува дека во  2011 година било откриено 31 заболување. Во еден случај е евидентиран карцином на дојка кај маж. Во 2012 бројот бил 25, додека до септември оваа година се откриени 25 случаи, од кои 2-ца биле мажи. Загрижува податокот што при порастот на откриените заболувања се поместува старосната граница  и се почесто иммногу млади  пациентки со откриен рак на дојка, укажува д-р Даскалоски.„...

Continue reading

jablanica

Во Вевчани ќе се гради ски центар

Post Views: 1 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. „Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор....

Continue reading

sednica

Струшкиот Совет конечно живна

Post Views: 0 Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница. „Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека...

Continue reading

sednica

Криза во струшкиот Совет

Post Views: 1 Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.   „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот...

Continue reading

Бројот на лица заболени од дијабетес во Охридско-Струшкиот регион секојдневно расте

Post Views: 4 Од здруженијата на дијабетичари апелираат за набавка на најнови типови на инсулин и најсовремени апарати за мерење на шекерот во крвта, со цел да се намалат последиците по здравјето на пациентите со дијабетес. Од Министерството за здравство велат дека сите видови инсулин, кои влегуваат во Република Македонија се контролираат во лаборатории и секој инсулин има соодветен лот и сериски број и во случај на сомнеж за неговиот квалитет се прави супер анализа во странска лабораторија.  Меѓу пациентите има и деца.Само пред една година од охридскиот центар за дијабетес информираа...

Continue reading

koalicija

Села да прифати македонец за претседател на Совет

Post Views: 1 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски уште еднаш го повика градоначалникот на Струга Зијадин Села, да не дозволи најсилниот политички субјект да биде игнориран во општина Струга. Тој инсистира, македонец од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“ да застане на кормилото на струшкиот Совет. „Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалникот Зијадин Села, добро да размисли пред да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на Советот на Општина Струга. Претседателот на Совет природно и припаѓа на Коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top