Во Вевчани ќе се гради ски центар

Современ ски центар со викенд населба, хотели и три и пол километарска жичара ќе се гради во Вевчани. Градоначалникот  Цветомир Угриноски изјави дека станува збор за реализација на проект кој е од непроценливо значење за охридско – струшкиот регион.

 |  Николоска Биљана  | 
jablanica
јабланица

jablanicaВевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.

„Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор. Мислам дека тоа ќе биде странска фирма, дали Аустриска или некоја друга тоа ќе зависи од фирмите кои ќе се јават на тендерот. Од Владата се обезбедени односно од Мепсо 250 000 евра за изработка на проектот“.

jablanicaПрвиот човек на Вевчани, вели дека изградбата на ски центарот ќе биде од непроценливо значење не само за општината туку и воопшто за охридско – струшкиот регион. Местото каде што е зацртано да никне истиот има одлични услови за развој на зимскиот туризам, односно за продолжена туристичка сезона, додава Угриноски.

„Па на Јабланица има некаде околу седум месеци во годината снег и тој снег е во голема количина и тоа од средината на октомври до крајот на мај. Па сигурно дека се добри позиции од тој дел на Јабланица убаво се гледа Охридското Езеро има добар поглед блиску е некаде три и пол ќе биде долга жичарата или пак пешки се оди 2 саати, постојат патишта кои треба да се средат

Угриноски, длабоко е уверен дека изградбата на современиот ски центар во Вевчани, во многу ќе придонесе за развој на туризмот, имајќи го во предвид и фактот дека во близина е и охридскиот аеродром.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top