Ознака: струшкиот

Пристапен туризам во охридско-струшкиот регион

Post Views: 5 Охридско-струшкиот регион ќе воведува пристапен туризам. Невладината „Порака Нова” од Струга е првата организација во земјава, која што стана членка на Меѓународната организација и Европската мрежа за пристапен туризам. Ќе се работи на проекти за туристичките атракции, музеите, црквите, културно историските споменици и плажите вдолж брегот на Охридското езеро да станат пристапни и за инвалидизираните лица. Сега веќе почнуваме проекти за воведување на пристапниот туризам и се надеваме дека во скоро време би отвориле и социјално претпријатие кое би нудело услуги...

Continue reading

Струшкиот центар за култура доби двојно повеќе средства за бројни проекти

Post Views: 0 Два милиони денари доби струшката национална установа, центар за култура „Браќа Миладиновци“ од ресорното министерство за финансирање проекти во сите дејности за 2022. Доделени се двојно повеќе средства за културата во споредба со минатата година како поддршка за сите активности во творештвото. Станува збор за одржување на традиционалните фестивали којшто секоја година се одржуваат во Центарот за култура, а има и нови проекти кои се планираат да се одржат за оваа година, информира Николина Велкоска Глигороска, директорка на Центарот за култура. Во соработка со Сојузот...

Continue reading

Недостиг на готвачи и шефови на кујна во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион. Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава сеуште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите. Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство. Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и преминаа во други области некои заминаа надвор – вели Влатко...

Continue reading

Недостиг на анестезиолози во охридско-струшкиот регион

Post Views: 2 Недостигаат анестезиолози во охридско-струшкиот регион. Во Струга има само тројца анестезиолози, кои се оптоварени со работа. Речиси секојдневно имаат дежурства или приправност. Само лани во време на пандемија анестезиолозите во струшката болница направиле 1 200 оперативни зафати. Или во просек по три до четири операции дневно. Бројот на анестезиолози во нашата болница е енормно мал. Ние сме само тројца анестезиолози, но со голема пожртвуваност, со голема љубов во работата успеваме да одговориме на сите предизвици. Само еден податок да кажам во текот на ланската година...

Continue reading

Антикорупциска Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Post Views: 4 Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик. Според истиот извор, предметот против Мерко го води Обвинителството за гонење на организиран криминал каде што има уште една постапка против него. извор: VOA – Глас на Америка фото: VOA – Глас на Америка

Continue reading

Со соработка меѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар

Post Views: 1 Со ротации и взаемна соработка помеѓу болниците во регионот се надополнува недостигот на медицински кадар. Детското одделение во охридската болница околу еден месец работи само како амбуланта. Мал е бројот на деца кои изминатиов период во ноќните часови бараат здравствени услуги во соседна Струга. На уролошкото одделение во Охрид се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион. Исто и на нервно и на одделот за уво, нос и грло. Недостигот на кадар е затекнат проблем со кој се соочуваат повеќето здравствени установи, а не може брзо да се реши, појаснува директорот на...

Continue reading

Прекин на струјата во охридско-струшкиот регион

Post Views: 1 Скоро два часа охридско-струшкиот регион е без електрично напојување. Неофицијално станува збор за поголем проблем кој настанал поради обилни врнежи од дожд и снег. Проблеми има и со телефонската мрежа, а без струја се Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Граѓаните се изреволтирани бидејќи повеќето од нив се греат на електрична енергија. Инаку, прекинот на струјата се случи денес пред 12 часот.

Continue reading

Регистрирани серија земјотреси во охридско-струшкиот регион

Post Views: 4 Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер. Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер. Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели: „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше земјотреси...

Continue reading

Неопходна итна санација на кровот на струшкиот Завод за нефрологија

Post Views: 9 Полека се санира состојбата на болничкиот оддел  во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга по синоќешното прокиснување на таваните. При вчерашниот пороен дожд неколку соби на овој оддел беа поплавени. Медицинскиот персонал ги преместил десеттината пациенти од одделението и  била исклучена струјата за да не се случи поголема хаварија. Пациентите велат дека се задоволни од медицинскиот персонал но не  и од условите во оваа јавна здравсвена установа. „На некој начин ова е рак рана на болницата, кровот. А другите услови се како што треба. “ „ Грмеше , врнеше , но ние не сме таму...

Continue reading

Струшкиот Завод за нефрологија ќе добие дигитални апарати за хемодијализа

Post Views: 4 Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати. Владата на редовната 140. седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на...

Continue reading

Струшкиот отпад ќе се транспортира во Дрисла

Post Views: 1 Отпадот од дивата депонија во Струга ќе се транспортира во скопска Дрисла, за 40 дена. Сеуште е отворен јавниот тендер со кој општина Струга избра компании кои ќе се погрижат конечно да се реши овој горлив проблем. Дашмир Насуфи од општина Струга појснува како ќе се одвива целата постапка околу оваа проблематика. „Првиот дел е конструкција на местото монтажа, и за тоа има заинтересирано едан компанија ов Струга, вториот дел е конзервирањето на сметот, тука конкурираа две компании и третиот дел е транспорт за Дрисла, каде конкурираше само една компанија“ Вкупната сума...

Continue reading

Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници

Post Views: 2 Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници. Денес и официјално им беа врачени уверенијата за утврдување на мандатот од страна на Општинската изборна Комисија. Претседателот Блерим Зиба истакна дека се протекло во најдобар ред на еден демократски и цивилизациски начин, што било и очекувано. „Очекуваме овој Совет да работи за доброто на граѓаните, очекуваме дека ќе ги исполнат ветувањата за време на кампањата“ Во новата постава на советници во струшкиот совет, поголем дел од градските избраници се нови ликови, исправени на патот да ги остварат ветувањата кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top