Струшкиот центар за култура доби двојно повеќе средства за бројни проекти

Струшката национална установа „Браќа Миладиновци“ ќе реализира бројни проекти од областа на културата. Меѓу бројните проекти за поддршка на културните дејности е подновување на фолклористите со нови носии, а ќе се реконструира и летната сцена пред центарот.

 |   | 

Два милиони денари доби струшката национална установа, центар за култура „Браќа Миладиновци“ од ресорното министерство за финансирање проекти во сите дејности за 2022. Доделени се двојно повеќе средства за културата во споредба со минатата година како поддршка за сите активности во творештвото. Станува збор за одржување на традиционалните фестивали којшто секоја година се одржуваат во Центарот за култура, а има и нови проекти кои се планираат да се одржат за оваа година, информира Николина Велкоска Глигороска, директорка на Центарот за култура.

Во соработка со Сојузот на композитори на Македонија, во музичко сценската дејност, ќе се одржи концертот „Мојот роден крај“ со кој ќе се одбележат 75 години од сојузот и творештвото на композиторите кои потекнуваат од Струга и струшкиот регион – истакна Велкоска Глигороска.

Финансиска поддршка ќе има и мултиетничкиот фестивал за деца. Вообичаено оваа културна манифестација предизвикува голем интерес за учество од училиштата и невладините културни здруженија. Подновување ќе има и за струшките фолклористи.

Во фолклорната дејност, ќе се збогати со смотрата на ветерани „Ѓердан од бисери“. Ќе се постави нова сценографија „Свадба“, за чии потреби ќе се набават десет народни носии и народни инструменти – вели директорката Глигороска.

Предвидени се средства и за театарска претстава за деца, за набавка на книги, за изработка на Елаборат за збирка на Струшките вечери на поезијата од одржувањето на фестивалот, па се до 2021 год.

Годинава ќе има и реконструкција на платото пред влезот на центарот. Ќе се подобри не само изгледот на летната сцена, туку и условите за изведба на културните настани.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top