• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Земјоделците од охридско-струшкиот регион не ги исполнуваат критериумите за користење на Ипард 2

Земјоделците од охридско-струшкиот регион не ги исполнуваат критериумите за користење на Ипард 2

Интересот бил голем за користење на мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ од ИПАРД 2 програмата, но земјоделците поднесле мал број апликации. Од македонските земјоделци пристигнале 198 апликации до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 |   | 

До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале 198 апликации за ИПАРД 2 програмата од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Со помош на средства од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност да се развива и руралниот туризам. Македонските земјоделци најмногу интерес покажале за  реализација на проекти од секторот алтернативно производство меѓу кои се одгледување на пчели, зајаци, печурки.

Охридско-струшките земјоделци, покажале голем интерес за оваа мерка од Ипард програмата, но се поднесени мал број на апликации, информира Билјана Ѓорческа, в.д раководител на Работното одделние за Југозападниот регион на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Од охридскиот регион имаме две апликации. Едната се однесува за производсто  на ракија, односно опрема за производство на ракија, а другата апликација за опрема во пчеларството, набавка на пчелни сандаци и опрема за производство и пакување на мед и медни производи. 4:08 лепи 4:22 Иста ситуација е во Струга. Имавме две апликации за набавка на пчеларска опрема и пчелни сандаци, се што е потребно за производсто на мед – истакна Ѓорческа.

Земјоделците од Југозападниот регион, најчесто не ги исполнуваат критериумите од Ипард програмата. Тие сеуште немаат расчистени имотно правни односи и не поседуваат имотни листови.

Во апликациите беше потребна документација, имотен лист и на него да има легален објект впишан во имотен лист.  Овие средства се од Ипард програмата, а Европската унија ги финансира овие прогарами и бара детална документација, се да е впишано на имотен лист. Нашите земјоделци тоа го немаат строрено, општините сеуште доцнат со легализација на објектите, некои населени места го имаат тоа почнато или процедурата е во тек – додава Ѓорческа.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, соопштува дека интересот на македонските земјоделци за реализација на проекти од ИПАРД 2 програмата од мерката 7 е голем. 

Согласно досега пристигнатите барања, најголем интерес има за реализација на проекти кои ќе бидат поддржани со средства од ИПАРД 2 во секторот алтернативно производство и проекти за развој на руралниот туризам. А најмал број апликации, само две за инвестиции во занаетчиски дејности – соопшти  Бачовски.

Апликациите покажуваат дека домашните претпријатија имаат идеја како да ги модернизираат постојните бизниси, но и да отвораат нови погони. Повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top