„Отвори врата за својата иднина“

Струшките социјал-демократи, од врата до врата да го слушнат мислењето на своите сограѓани за тоа каква иднина и каква општина сакаат да имаат.

 |  Голабовски Крсте  | 
Riste Kjushkoski
Ристе Ќушкоски

„Отвори врата за својата иднина“ е новината која доаѓа од струшките социјалдемократи, со која сакаат да го проверат јавното мислење на своите сограѓани, односно да слушнат за нивните проблеми и маки. Претседателот на О.О. На СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски, истакна дека ова е проект од граѓаните за граѓаните од кој ќе произлезе програмата на СДСМ.

sedishte SDSM Struga„Преку овој проект секој граѓанин на струшкиот регион ќе може да го искаже своето незадоволство од руралната или урбаната средина во која живее и тоа проблеми од инфраструктурата, комуналните дејности, образованието, социјалатам здравството, незапосленоста, до проблеми од урбаната мафија“ вели престедателот на струшките социјалдемократи.

Ќушкоски објаснува дека за реализација на оваа замисла членовите на СДСМ од Струга ќе тропнат на секоја врата, секој дом, во секое населено место од општината, а граѓаните ќе имаат можност за прв пат во историјата на Република Македонија самите да посочат каква иднина сакаат да живеат и тоа во каква општина. На новинарско прашање, колку се убедени во ефикасноста од овој начин на промоција на своите кандидати, Ќушкоски со став дека ваквиот начин на доближување до граѓаните никогаш не може да биде контрапродуктивен.
Иако од струшкиот огранок на сдсм сеуште тактизираат и велат дека работат на изборот на идеалниот кандидат за градоначалник  на Струга , за овој проект велат дека е продолжение на „Работното лето“ на СДСМ со кој ги промовираат своите кандидати по општините.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top