Ознака: слави

„Румор“ го слави првиот роденден

Post Views: 1 На 17-ти декември, пред една година, во Охрид со работа започна концептуалната продавница „Румор“, која ја донесе високата мода кај нас. Единствениот мултибренд во регионот кој ги следи светските трендови, за краток период успешно се етаблираше на модната сцена, наметнувајќи стандарди на квалитет за кои надалеку се слуша. Покрај по уникатните парчиња облека дизајнирани од планетарно познати модни креатори, клиентите го препознаваат и сакаат новиот македонски бренд „Румор“ и по истоимената модна линија, создадена со многу љубов и желба конечно да се понуди квалитет за...

Continue reading

himna

Наголемо ќе се слави јубилејот за македонската химна

Post Views: 0 ОО на СДСМ од Струга побара пратениците на власта во македонскиот парламент да им кажат на нивните сограѓани каде и кога се одбележа големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Исто така тие обвинуваат, дека посебно во Струга, се помалку се придава важност на одбележување на празници кои се од исклучително национално значење. Струшките социјалдемократи велат дека години наназад од ВМРО – ДПМНЕ не најдоа време да дојдат на прославувањето на барем еден празник поврзан со НОБ и Револуцијата како и тоа дека за прв пат се појавија во 2010...

Continue reading

Охрид го слави споменот на Григор Прличев

Post Views: 2 Со панихида и положување на цвеќе на вечното почивалиште  на Григор Прличев денеска беше оддадена почит на славниот ловороносец. Голем број охриѓани, ученици, советници и пратеници  одадоа почит на истакнатиот македонски писател и преродбеник од 19 век. Денес, Охрид со низа активности го одбележа споменот на  Прличев  „Вториот Хомер“.  Во спомен куќата на Прличев градскиот хор ја изведе неговата поема 1762 лето, а беше промовирано  адаптираното издание на Прличевата автобиографија од  Славе Ѓорго Димоски. Слово за делото на Прличев како претставник на македонската книжевност...

Continue reading

Денес се слави Божиќ

Post Views: 0   „Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;Денес Беспочетниот влегува во времето,и Словото се воплотува. Небесните силисе радуваат, и земјата со луѓето се веселат“. Денес се слави Божиќ. Православните христијани денеска го одбележуваат Рождеството Христово. Суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието, вели отец Димче Азески. Тој забележува дека од година во година се отргнуваат обичаите кои не се вкоренети длабоко во православната...

Continue reading

Денеска се слави свети Трифун

Post Views: 0 Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и...

Continue reading

благој

Охридскиот актер и режисер Благој Кичеец денес го слави 90-от роденден

Post Views: 3 Благој Кичеец , поранешен актер и режисер од првиот професионален охридски театар, денес го слави 90-от роденден. Кичеец е еден од повозрасните  професионални охридски актери од минатиот век. Роден е во Охрид на 30 март 1926 година, во Месокастро, во занаетчиско касапско семејство.   Кичеец раскажува за неговите посети на патувачките театри кои доѓале во Охрид во 30-те години од минатиот век и како се родила неговата љубов кон  театарот. „Честопати одев со татко ми на претставите на разни патувачки театри, меѓу кои  Бибобо, Петре Прличко  тогаш се викаше Перица Николиќ ...

Continue reading

kiss

Бакнувајте се!

Post Views: 12   Бакнежот има свој светски ден и тој се слави на 6-ти јули. Светскиот ден на бакнежот се празнува од 1988 година. Според многумина се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези. Тие така ги проверувале своите сопруги дали пијат вино. Други, пак, велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните. Бакнеж е допирање на одредена  личност со помош на усните, кој  обично се смета за основен сексуален акт. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има...

Continue reading

zname

Српската заедница го слави Свети Сава

Post Views: 0 Српската заедница го слави Свети Сава, еден од најголемите празници во Српскиот православен календар. По тој повод денеска во ресторанот „Белведере“ се одржа свечен ручек на кој присуствуваа членови на српско – македонското друштво „Коштана“ и припадници на српската заедница во Охрид. По повод днешниот празник пред присутните беше презентирана пригодна програма, се читаа песни за Свети Сава, а обраќање имаа и членови на друштвото „Коштана“. На денешната свеченост беше запазена и традицијата, како што се палење на свеќите, но и сечење на традиционалниот светосавски...

Continue reading

Охридската католичка заедница денеска слави Бадник, а утре Божик

Post Views: 11 Денеска според грегоријанскиот календар, католичката црква го празнува Бадник, еден ден пред големиот Христијански празник Христовото раѓање- Божик. Вечерва во католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид ќе се одржи полноќна литургија, а утре ќе биде главната свечена божикна литургија. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик...

Continue reading

dzamija

Честит Рамазан Бајрам

Post Views: 6 Денес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.Денес, припадниците на муслиманската вероисповест го слават Рамазан Бајрам. Ова е празник кога богатите муслимани помагаат на сиромашните, кога во кругот на семејството меѓусебно си посветуваат внимание и благодет, во заеднички молитви, си ги простуваат грешките и се радуваат на убавината...

Continue reading

bozik gerijatrija

Божиќен ручек на геријатрија од нашиците во Австралија

Post Views: 5 Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски. „Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните празници...

Continue reading

Божик

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 1 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top