Ознака: слави

Филипче до граѓаните: Не организирајте куќни слави

Post Views: 6 Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија. Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а Филипче апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци. Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави, а ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи. Многу мини бранови тргнаа од тие прослави – истакна...

Continue reading

logo

Светски ден на радиото

Post Views: 7 Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО. Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку  брановите на овој медиум.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода  на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со...

Continue reading

children

Три бебиња прогласени за 7 милијардитиот жител на Земјата?

Post Views: 6 Светот го слави 7 милијардитиот жител на планетата Земја, иако се уште точно јавноста не знае каде да ги испраќа честитките- во Русија, Индија или на Филипините. Нејасно е како настана збрката околу прогласувањето на 7 милијардитото бебе, поради која на три различни локации во светот се прославува доаѓањето на свет на јубилејниот жител на планетата. Повеќето светски медиуми пишуваат дека Обединетите Нации ја прогласиле за 7 милијардити жител Даника Меј Камачо, девојче родено во Манила на Филипини. Бебето било тешко се на се 2,5 килограми, а родено е 2 минути пред полноќ....

Continue reading

logo

Македонија го слави 11 октомври

Post Views: 2 Македонија го слави 11 октомври, денот на антифашистичкото востание. Во прилеп, каде почна востанието, празникот се одбележaсо имровизиран напад на градот и огномет. Почит на борците од народно ослободителната војна им се оддава во сите градови. На денешен ден пред 74 години почна антифашистичкото востание. Тогаш, првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12-ти окитомври, се случи напад и во Куманово. На овој празник се доделува државната награда 11 октомври. Годинава, добитници се писателот и академик Митко Маџунков,...

Continue reading

„Jazz Inn“ слави триесет години постоење

Post Views: 2 По повод јубилејот ќе се одржи концерт на Christina Diaz Trio, во петок, 12-ти април, со почеток 22:00 часот. Christina Diaz е Латино-американска пијанистка, иако по потекло од Бразил и Венецуела, пораснала во Доминиканска Република, каде што ја започнува музичката кариера со класично пијано. Откривајќи ја пасијата кон џезот, се сели во Порторико, каде студира џез и латино музика на Музичкиот Конзерваториум. Во четирите години поминати на конзерваториумот успева да се сретне и соработува со големи музички имиња како Eddie Gomez, Miguel Zenon, David Sanchez. По завршувањето...

Continue reading

Wikipedia слави 15 години

Post Views: 0 Додека некои, овозможувајќи им на луѓето пронаоѓање на информации на интернет, се збогатија, на некои други како Jimmy Wales и Larry Sanger единствена цел им беше да им овозможат на луѓето пристап до сите информации и знаења бесплатно. Тие двајца пред точно 15 години ја основаа Wikipedia, интернет енциклопедија која на сите им е достапна бесплатно. Овој интернет извор на знаења денес има повеќе од 37 милиони статии кои се објавени на скоро 300 јазици, меѓу кои и на македонски, а се финансира исклучително од донации (на Wikipedia нема реклами). Wales често говори дека...

Continue reading

Денеска се слави Светиот маченик Трифун

Post Views: 0 Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род. Кај народот...

Continue reading

“WWW” го слави 25-от роденден

Post Views: 3 Целата приказна тргна во 1989 година, кога е усвоен правилникот за изработка на world wide web. Но, како официјален почеток, на мрежното поврзување кое апсолутно го смени светот каков што дотогаш го имавме, се смета 20 декември 1990 година. Токму тогаш Tim Berners-Lee, британски научник кој работел на CERN, на својот компјутер ја лансирал првата интернет страница. Сè потоа е историја бидејќи по експанзијата во деведесетите, денес, без претерување, е невозможно да се замисли било кој сегмент од животот без силната технологија која се крие зад кратенката “www”. Секако...

Continue reading

kosharka

Кошаркарите ќе добијат „Медал за заслуги за Македонија“

Post Views: 9 Кошаркарската експедиција која го слави името на Мекадонија на Евробаскетот 2011 е одликувана со „Медал за заслуги за Македонија“, одлука која денес ја донел Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Ова високо одликување за македонските кошаркари доаѓа по одличните постигнувања кои тие ги забележуваат во Литванија, момците на Марин Докузовски веќе изборија пласман помеѓу најдобрите осум репрезентации во Европа. Истовремено оваа одлука на нашиот Претседател ќе им даде дополнителен мотив на кошаркарите пред вечерашниот дуел со Русија. Со ова постигнување кошаркарите...

Continue reading

Доброто старо Фиќо слави 60-ти роденден

Post Views: 14 Ова е возило, се сложуваат сите од сите краишта на екс Југославија, кое ја моторизира некогашната држава. Производството започнало на 18 октомври 1955 година и траело полни 30 години и 10 месеци – последното Фиќо производната лента ја напушти на 18 ноември 1985 година. Мирослав Милутиновиќ, член на здружението на историчари на автомобилизмот во Белград, за Al Jazeera се присетил за своите први средби со Фиќо. “Јас сум роден во 1952 година и одлично се сеќавам на Фиќо, на кое во Сараево полагав возачки испит во 1970 година. Исто така, сум поседувал неколку фиќовци, а...

Continue reading

„Импровокација“ слави шест години

Post Views: 0 Пред шест години, на “керал” сцената во Народен Театар Охрид се роди шоу, чија цел беше преку импровизација да ја демифистицира магијата на создавање театарски игри и да ја доближи театарската уметност поблиску до публиката. Шоуто, заради својата оригиналност, непосредност и забава веднаш беше прифатено од публиката и веќе шест години редовно се изведува, а тоа што го прави да биде секогаш различно е самата публика, која активно преку свои предлози ја креира содржината на игрите. Актерите од Охридскиот Театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола...

Continue reading

Денеска е Водокрст – се слави силата на крстот

Post Views: 1 На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. За православните христијани е строг пост.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top