Ознака: слави

ilinden

Македонија утре ги слави двата Илиндена

Post Views: 3 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени. „Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...

Continue reading

Охридската библиотека го слави Светскиот ден на книгата и авторското право

Post Views: 1 Во време кога светот е затворен и на луѓето им е ограничено движењето, дружењето со книгата претставува еден од начините за олеснување на времето на изолација и самоизолација. Дружењето со книгата и нејзината моќ во оваа сеопшта затвореност може да се искористи за проширување на хоризонтите, за стимулирање на нашите умови и за креативност. И годинава Светскиот ден на книгата и авторските права 23 април се одбележува во вонредни услови и на специфичен начин поради пандемијата на коронавирусот и борбата оод ширење на заразата. Охридската градска библиотека и во вакви услови...

Continue reading

Во Струга по 48-ми пат започна да се слави поезијата

Post Views: 11 Поетите од сите континенти, меѓу кои и годинешниот лауреат словенечкиот поет, Томаж Шаламун, големиот број гости и почитувачи на поезијата, ги поздрави, и вечерите за отворени ги прогласи Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. „Да посакаме сите мали и големи јазици на светот да бидат велесила на уметничкиот збор затоа што само тоа ја брани идејата на човечката надеж и вечност во цивилизациската меморија, истакна  при тоа Милеска. Струшките вечери на поезијата станаа симбол на овој град и голем празник за сите нас, кој ги облагородува нашите души, ги поздрави...

Continue reading

rozdestvo hriistovo

Христос се роди-навистина се роди

Post Views: 1 Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....

Continue reading

chanel 5

“Chanel 5” слави 90 години

Post Views: 6 Вечниот и незаменлив Шанел 5, кој Коко Шанел го опишувала како “парфем со мирис на жената”, оваа година го слави својот деведесетти роденден.Славниот парфем настанал уште во далечната 1921 година, но и понатаму маѓепсува и восхитува. Испитувањата покажуваат дека тој на секои 55 секунди се купува во некој дел од светот. Во своето долго постоење една од многуте вљубени кориснички на Шанел 5 била и холивудската дива Мерилин Монро, која ја потврдувала неговата магија секој пат кога заспивала “покриена само со него”, а своето лице на  неговите реклами...

Continue reading

bajaga

Бајага на Вевчански карневал

Post Views: 14 Легендата на екс-југословенската рокенрол сцена, Момчило Бајагиќ – Бајага заедно со своите Инструктори, ќе настапи на традиционалниот Вевчански карневал.Концертот на Бајага е закажан за 12-ти јануари, на првиот карневалски ден. Според најавите, во Вевчани ќе се слави се до 14-ти јануари, секако вклучувајќи ja тука и прославата на Василица – Стара Нова Година. {loadposition content9}

Continue reading

Денес се слави христијанскиот празник Свети 40 Маченици – Младенци

Post Views: 5 Светата Православна црква денеска го празнува споменот на 40-те војници од Севастија кои го дадоа својот живот за верата на Исус. Во 320 година, 40 војници од еден полк во Севастија одбиле да им принесат жртви на римските идоли и да ги гонат христијаните, по што биле затворени, мачени и осудени да стојат во студена вода. Од нив се барало да се откажат од Исус, но тие не се поколебале и сите измрзнале со молитва на усните. Според православниот календар, Младенци е ден на младите брачни двојки, кои се венчале во текот на минатата година. На овој ден се оди во домовите...

Continue reading

romi proslava

Ромите од Охрид го прославија 8ми Април, меѓународниот ден на Ромите

Post Views: 2 Со пригодна свеченост, вчера, ден порано, беше одбележан меѓународниот ден на Ромите. На малиот коктел организиран од партијата Демократски сили на Ромите, не само симпатизерите и членови на оваа партија, туку и воопшто сите кои се чувствуваат како припадници на заедницата на Ромите, го одбележаа овој свој празник. Во меѓународни рамки, овој ден за прв пат се прославил во 1971та година во Лондон, на кој биле избрани химната, знамето и денот, 8ми Април, за светски ден на Ромите. За химна на ромската заедница е избрана песната „Џелем, џелем“, додека знамето се состои од...

Continue reading

Kamensko

Денес се слави Успение на Пресвета Богородица

Post Views: 11 Православните христијани денес го слават празникот Успение на Богородица или Голема Богородица. По две недели пост, синоќа со вечерни богослужби во сите храмови на Македонската православна црква почна одбележувањето на празникот. Уште од раните утрински часови, река луѓе се упатија кон најблиските храмови, да се помолат за здравје и среќа за себе и за своите најблиски. Верници од сите краишта на земјава и странство денес ги посетија храмовите во Охрид кои го носат името на мајката божја. Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се...

Continue reading

vino

Што и да изберете во секој случај ќе биде црвено

Post Views: 17 Денес е 14ти Февруари, православен Свети Трифун, денот кога лозарите закројуваат три пенушки од своето лозје со надеж дека тоа ќе им донесе бериќет, многу грозје и многу вино. Истовремено овој датум носи и поинакво значење. 14ти Февруари е денот на католичкиот бискуп Валентајн, кој се смета за заштитник на вљубените. Она што некогаш го имаше само на холивудските филмови, сега е реалност и во нашата земја. Покрај Свети Трифун, се повеќе млади го слават и Денот на вљубените. Се купуваат црвени рози, слатки мечиња, и секакви подароци, се само за да се каже „Те сакам“...

Continue reading

zname

Македонија слави 20 години независна и самостојна држава

Post Views: 2 Честит празник! Нацијата слави 20 години независна и самостојна македонска држава. Денешниот историски јубилеј ќе биде прославен со низа свечености и со богата програма. Прославата ќе започне во 18 часот со предавањето на Декларацијата за независност од 1991 година на македонските гардисти од страна на претседателот на собранието Трајко Вељановски, по што ќе следува свеченото дефиле во кое ќе учествуваат припадниците на македонската армија и полиција, но и ученици од средните училишта, до внесувањето на декларацијата во новиот Музеј на македонската борба. Иако централната...

Continue reading

den na deteto

Денот на детето

Post Views: 2 Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top