Македонија слави 20 години независна и самостојна држава

Централната церемонија по повод историскиот јубилеј се одржува во главниот град, но слави целата нација. Историскиот 8 Септември, сега веќе далечната 1991 година, македонскиот народ излезе на референдум и со убедливо мнозинство од 95 % гласаше за самостојна и независна македонска држава.

 |  Мишел Наумоски  | 
zname
знаме

Честит празник! Нацијата слави 20 години независна и самостојна македонска држава. Денешниот историски јубилеј ќе биде прославен со низа свечености и со богата програма. Прославата ќе започне во 18 часот со предавањето на Декларацијата за независност од 1991 година на македонските гардисти од страна на претседателот на собранието Трајко Вељановски, по што ќе следува свеченото дефиле во кое ќе учествуваат припадниците на македонската армија и полиција, но и ученици од средните училишта, до внесувањето на декларацијата во новиот Музеј на македонската борба. Иако централната свеченост се случува во Скопје, денес се слави низ целата држава.

ploshtad Makedonija

Својата вековна борба за правото на сопствена држава, македонскиот народ ја круниса пред полни 20 години токму на денешниот датум. На 8 Септември, далечната 1991 година, македонскиот народ излезе на референдум на кој со неверојатната бројка од  1.495.626 граѓани или 95 % од вкупното население беше изгласана независноста на Република Македонија. Судбоносното прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?, денес одекнува со посебно значење. 20 години подоцна, Македонија го одминува полнолетството и ги започнува процесите на вистинско созревање на сите полиња. Денес, интонацијата на македонската химна повеќе од било кога ве наежува, а нејзините зборови долго ќе одекнуваат во македонските срца. Нека ни се среќни 20 години, независна и самостојна Македонија!

Triumfalna porta

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top